ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Од утре почнува попишувањето на иселениците, дипломатите, затворениците и бездомиците, се зголемува бројот на нови заразени, нови рестрикции засега ќе нема

February 28, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Од утре почнува попишувањето на одредени категории граѓани како вработените во дипломатско-конзуларните претставништва и нивните семејства, на дијаспората, припадниците на армијата во странство, затворениците и бездомниците.

Не е исклучена можноста за нови рестрикции, но засега нема да има, изјави министерот за здравство Венко Филипче откако во изминатиот период се бележи благ пораст на бројот на новозаразени и честа појава на случаи со мутираниот, британски сој на вирусот.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов повторно реагираше за скандирањата на  протестoт за пресудата од случајот „Монструм”. Скандирањето „УЧК“, „Етничка Албанија“, мавтањето со мапи на „Голема Албанија“ како и каменувањето на полицајците кои само си ја вршеа својата работа, за време на вчерашниот протест за Монструм, не одат во прилог на процесот на помирување за кој толку многу зборуваме и се залагаме, вели Ангелов.

Министерството за образование и наука во февруари ја организираше кампањата „Учи паметно, работи стручно“ во чии рамки се одржаа консултативни средби во градовите низ земјава, меѓу претставници од МОН, средни стручни училишта и компании. По консултативните средби, следува предлог-план до МОН за нови профили во стручните училишта.

Посебното основно училиште „Маца Овчарова“ од Велес за две учебни години ќе премине во Основно училиште со Ресурсен центар, чии наставници постепено ќе ги оспособуваат учениците со посебни потреби да тргнат во редовна настава.

Климатските промени го топат мразот на Монт Еверест, изложувајќи ги мртвите тела на алпинистите од минатото. Многу од овие тела биле покриени со снег и мраз со текот на годините, но сега со топењето на глечерите поради климатските промени, некои од долго скриените тела, наводно, повторно стануваат видливи.

Американскиот претседател Џо Бајден изрази задоволство и го поздрави одобрението издадено од американската Агенција за храна и лекови (ФДА) за вакцината на „Џонсон и Џонсон“ против Ковид-19.  М.М.

 

Next Post

Заокружена третата национална кампања „Ги запознаваме ретките болести“

Shortcut

Најново

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk