ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бочварски: Со изградбата на експресниот пат до Кочани го подигнуваме животниот стандард на преку 170 илјади жители од Источниот регион

March 2, 2021 12:55
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Оваа Влада покажа како треба де се гради во државата и тоа најубаво може да види преку изградба на експресните патишта во Источниот дел на земјата. Изградбата на експресниот пат Штип-Кочани па и експресниот пат од Штип до Радовиш е пример како треба да се реализираат капиталните инвестиции во државата, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Министерот, заедно со директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми како и градоначалниците на општините Штип, Кочани, Карбинци и Чешиново Облешево, денеска извршија увид во изградба на втората фаза од експресниот пат Штип-Кочани, делница Крупиште – Кочани.

,,Овој дел од експреснот пат е со должина од 13,7 километри а инвестицијата е со вредност од 18,2 милиони евра. Или вкупната должина на експресниот пат од Штип до Кочани е 28 километри за што инвестираме 37,3 милиони евра. Задоволни сме од фактот што граѓаните веќе  ја возат првата делница од Три чешми до Крупиште, по нов, модерен и безбеден пат.  Со изградбата на овој експресен пат создаваме брза патна врска меѓу Источниот и централниот дел на државата, отвораме можност за влез на нови инвеститори, за зголемување на работните места но и подобра комуникација меѓу граѓаните’’, изјави Благој Бочварски, министер за транспорт и врски

Изградбата на патиштата е стратешки приоритет на кој остануваме целосно посветени заради брз економски развој на овој регион, но и на цела држава, потенцираше министерот.

,,Истокот повеќе не е слепо црево, речиси и да нема патна врска која не е рехабилитирана во овој период. Кога сме веќе тука, со директорот сакам да најавиме дека во завршна фаза е рехабилитацијата и на патниот правец од Пробиштип до Крупиште,’’ изјави Благој Бочварски, министер за транспорт и врски

Директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми, истакна дека патот се очекува да биде завршен до крај на оваа година.

,,Вкупната ширина на експресниот пат е 11,4 метри, со две сообраќајни ленти од по 3,5 метри, две ленти за принудно застанување од по 2 метри и две рабни ленти од по 0,20 метри. Што значи дека овој патен правец ќе има четири ленти, по две коловозни и две ленти за застанување. Овој нов патен правец започнува кај месноста Три чешми во Штип и се надоврзува на веќе завршениот автопат Миладиновци – Свети Николе – Штип. Идната максимална брзина на движење на експресниот пат меѓу Штип и Кочани ќе биде 110 километри на час’’ изјави  директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми.

Со изградбата на овој експресен пат се создава брза патна врска меѓу Источниот и централниот дел на државата. Првата фаза од експресниот пат од Штип до Крупиште е изгардена и веќе пуштена во сообраќај.

 

 

Next Post

Во проектите од национален интерес во културата за 2021 има соодветена етничка застапеност, нагласи Заев

НАЈНОВО

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

October 24, 2025

Како се регулира онлајн коцкањето

October 23, 2025

Два руски воени авиони навлегле во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk