ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Филипче: Со измените на Законот за здравствено осигурување ќе се овозможи граѓаните брзо и ефикасно да добијат терапија во секое време, а државата да заштеди пари

March 2, 2021 14:25
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со измените на Законот за здравствено осигурување освен што ќе се воспостави систем на двојна контрола на издадени лекови, ќе има и онлајн комуникација меѓу тој што ги издава лековите и тој што ги плаќа. Ова го образложи министерот за здравство Венко Филипче, на собраниската Комисија за здравство каде на дневен ред беа измените на законот.

Процесот, како што посочи министерот, се одвиваше во повеќе фази, а започна со проширување на квотите за лекови, со што се надмина проблемот со недостигот на лекови, за пациентите. Потенцира дека Владата со воведување на електронскиот рецепт, овозможи брз и ефикасен пристап на пациентите до терапија во секое време.

– Електронскиот рецепт се воведe сега за време на кризата кога практично се олесни патот на пациентите да стигнат до посакуваниот лек и сето тоа како надополнување на еден процес којшто започна претходно во смисла на олеснет пристап до лекови, а тоа беше укинување на квотите во аптеките. Знаете дека имаше ограничување на бројот на лекови кои на пациентите им беа достапни, а беа на терет на Фондот, оваа Влада го смени тоа и сега без никакви ограничувања сите пациенти во било кој дел од денот имаат пристап до лекови во аптеките. Нема гужви, нема турканици, нема чекање во првите неколку денови го нема тој страв и паника кај пациентите посебно оние заболени од хронични болести во текот на месецот дека лекот којшто им треба ќе го нема, како што тоа беше порано, рече Филипче.

Со следниот чекор, односно со уредбата со законска сила веќе е елиминирана и потребата за хартиениот рецепт односно, сега преку порталот може да се најави пациентот во аптеката и без хартиен рецепт да го подигне посакуваниот лек.

-Она што сега се предлага е вистински финансиски документ кој е потребен на Фондот од страна на аптеките за да стигне во форма на фактура и практично да имаат финансиски документ директно од тие коишто ги издаваат лековите, затоа што треба да го платат трошокот на Фондот за здравствено осигурување за лекови кој во текот на годината изнесува близу 50 милиони евра и е еден сериозен торшок. Фондот после детални дискусии и анализи на ситемот, после повеќе состаноци на тамошниот Управен одбор, анализи како системот на контрола на лекови треба да се унапреди, за што веќе беше и развиен софтвер што е во функција, сега ќе се воспостави директна комуникација, која ќе се одвива помеѓу системот „Мој Термин“, меѓу тие кои што ќе ги издаваат лековите и оние кои што треба да ги платат лековите, истакна Филипче.

Оваа директна релација освен во делот на финансиското работење, ќе биде и уште еден механизам за двојна контрола на издадените лекови.

-Овој процес што го започнавме се одвива во континуитет. Со ревидирање на позитивната листа, која не е ревидирана повеќе од 10 години, планираме унапредување и модернизирање на истата. Има многу нови лекови достапни на пазарот и сето тоа бара една детална анализа, врз основа на достапност на лековите, врз основа на препораките на стручните здруженија за тоа каква терапија се користи за одредени ситуации. Тоа е еден сериозен систем во однос на зајакнување во еден дел од работата на Фондот, додаде министерот Филипче.

извор: МИА

Next Post

Минатата година БДП со стапка од минус 4,5 отсто

НАЈНОВО

Анаис

Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

November 8, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

По Израел, САД втора земја што ја прескокна ревизијата на ОН за човекови права

November 7, 2025

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 7 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk