ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Консултација на Секторската работна група за животна средина: Климатските промени стануваат се поголема закана

March 2, 2021 14:06
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓански организации и институции денеска организираа онлајн секторската консултација на тема „Ефектите од работата на Секторската работна група за животна средина и климатски акции и идните предизвици за подобрување на соработката помеѓу граѓанските организации и институциите“, како дел од проектот „Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ интеграциите“.

На настанот беше претставен Извештајот во сенка од следењето на работата и ефектите на Групата за животна средина и климатски промени во период од јануари 2019 – февруари 2020 година. Главната дискусија на секторската консултација беше за начини за унапредување на работата на Групата и за тоа како да се зголеми соработката со граѓанските организации.

– Климатските промени секојдневно стануваат се поголема закана, како за начинот на кој живееме денес, така и за белегот што го оставаме за иднината на нашата држава, но и глобално на плантетата. Обединетите Нации исто така потенцираат дека климатските промени се дефинирачкото прашање на нашето време. Од временските промени што го загрозуваат производството на храна, ја зголемуваат неизвесноста и стравот од ефектите на растечкиот број на поплави и земјотрески, преку киселите дождови, екстремното загадување на воздухот, водата и почвата, ефектите од климатските промени се глобални и можат да бидат катастрофални. Доколку не се преземат драстични активности во моментов ОН сметаат дека прилагодувањето кон овие влијаниа во иднина ќе биде се потешко и ќе не чини се повеќе, истакна Фани Каранфилова Пановска, извршна директорка на ФООМ.

Пановска посочи дека во периодот што следува главните приоритети се климатските акции, насочување кон поддршка на најранливите групи, но и подобрување на капацитетот на граѓанските организации за следење на климатските промени и делот со животната средина. Беше споменато и тоа дека има сериозни проблеми во делот на работата на Секторската работна група. Еден  од проблемите на Групата, иако е формирана  во 2015 година, е тоа дека сепак во својата работа нема усвоен деловник, решение за работа.

Блажен Малески, истражувач од Реактор, истакна дека неговиот удел во целокупната работа и креирање на извештаите на Групата се состои во тоа да анализира неколку фактори што влијаат на ефикасноста на секторските работни групи, односно за што тие разговараат, дали граѓанските се повикани да учествуваат, кои документи се разгледуваат, а од друга страна транспарентноста во работата и која е генералната функционалност во овој пристап.

Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, пак, истакна дека уште од почетокот Министерството за животна средина и просторно планирање е отворено за соработка со организациите.

Тој посочи дека Министерството започна со одржување состаноци со граѓанските организации на различни теми, но поради состојбата со коронавирусот тие не се одржуваат повеќе. Нуредини најави дека има простор за подобрување и ќе се трудат во иднина, како и до сега да бидат поприсутни и потранспарентни и побара разбирање од граѓанските организации кога тие нема да бидат во можност да се вклучат во односите на одредени политики.

– Ние гледаме на граѓанските организации како наши партнери. Тие се гласот на луѓето, а ние како Влада сме тука да ги исполниме барањата на граѓаните. Верувам дека правиме добра работа кога станува збор за заедничка соработка со организациите. Како што посочив, во послендите неколку месеци за жал немавме можност заеднички да ги дискутираме овие теми, но даваме се од себе тоа да биде презентирано онлајн. Верувам дека има разлика во однос на информациите истакнати онлајн, во последните 12 месеци, додаде тој.

Нуредини посочи дека се финализирани шест закони за отпад, направени се измени и дополнувања на Законот за квалитет на воздухот, а работат и на Законот за контрола на индустриски емисии, што треба да биде готов до јуни. Тој додаде дека Министерството има изготвено и стратегија за климатско дејствување и се надева дека ќе биде готова до крајот на оваа година, бидејќи потребни се и консултации со граѓанските организации.

Раководителот на секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ, Никола Бертолини, од своја страна, истакна дека животната средина е најголем предизвик за нашата земја и дека доколку би имал можност би ги насочил сите фондови кон животната средина, а не на образованието.

Бертолини ги посочи проблемите со малиот буџет и тоа дека Секторската работна група треба да биде еден инструмент кога станува збор за животната средина.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барања

June 30, 2025

Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

June 30, 2025

Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

June 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk