Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов присуствува на погребната церемонија на загребскиот градоначалник Милан Бандиќ.
Денеска во Загреб е прогласен ден на жалост по повод смртта на загребскиот градоначалник.
Утрото, заменичката на градоначалникот на Загреб Јелена Павичиќ Вукичевиќ ги прими градоначалниците на Скопје – Петре Шилегов, на Сараево – Абдулах Скака, на Белград – Зоран Радојичиќ, на Сплит – Андро Крстуловиќ – Опара, и на Љубљана – Зоран Јанковиќ, кои се запишаа во книгата на жалост во градската управа.