ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Јавна дебата: Потребна поголема политичка волја за спроведување на Стратегијата за родова еднаквост

March 5, 2021 14:46
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На денешната седница на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите тече јавна расправа за  Годишниот извештај за спроведување на Стратегијата за родова еднаквост за 2019 година.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска во образложението на Стратегијата потенцира дека родовата еднаквост е заедничка обврска и приоритет на Владата, дел од владината програмата за работа 2020-2024година и обврска од агендата за одржлив развој до 2030 година, како на национално, така и на локално ниво.

Во насока на остварување на родовата активност, истакна Шахпаска, важно е почитување на концептот на еднакви можности што означува дека, како што рече, жените и мажите треба да имаат еднакви права на човечки, социјален, економски и културен развој, како и подеднакво право на глас во општествениот и политичкиот живот.

Таа посочи дека во остварувањето на ова важна улога имаат сите жени, припаднички на различни етнички заедници, жените кои живеат во руралните средини, жените со попреченост, во политиката, во семејството.

– Родовата еднаквост е прашање на кое РС Македонија му посветува сериозно и темелно влијание преку сите механизми, кои во претходниот период постигнаа неколку значајни резултати. МТСП како прва приоритетна активност во 2020 година по формирањето на новата Влада го достави, а Собранието го усвои Законот за спречување и заштита од дискриминација, целосно усогласен со меѓународните стандарди, изјави министерката Шахпаска, потсетувајќи дека во јануари 2021 година е усвоен Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, целосно усогласен со Истанбулската конвенција.

Најави дека МТСП оваа година сериозно работи на подготовка на нова Стратегија за родова еднаквост, а во рамки на овој процес, подвлече, граѓанските и меѓународните организации и сите засегнати страни, имаат можност да учествуваат со свои мислења. Со нов закон, нагласи меѓу другото, се очекува да се воспостави тренинг центар за родово одговорно буџетирање, што ќе претставува континуирана едукација за целата родова машинерија.

– Многу е значајно жените активно да се појават на пазарот на трудот и затоа МТСП посветено работи на отворање нови детски градинки. Во изминатите шест месеци се отворени 10 нови градинки, рече министерката Шахпаска.

Благица Петревски, надворешен евалуатор во рамки на МТСП, во образложението на Стратегијата направена за период од осум години 2013-2020 година, информира дека содржи три стратешки цели, воспоставување ефективен и ефикасен систем за постигнвуање родова еднаквост преку функционални механизми за поддршка на национално и локално ниво, хармонизирани индикатори за мерење на прогресот на родовата еднаквост  и обезбедена родова разделена статистика.

Заклучокот е, истакна таа, дека за Стратегијата мора да се зајакне свеста за тоа дека сите институции се значајни за придонес и резултатите може да бидат повидливи само доколку постои поголема соработка помеѓу институциите и сите што се вклучени. Потребна е, нагласи, поголема политичка волја за исполнување на една ваква Стратегија, затоа што секогаш овие прашања се ставаат на маргините.

Таа посочи дека постои значајна несразмерност во поделбата на активностите и одговорностите, но постигнати се значајни резултати во одредени специфични цели.

Клучни препораки за следната стратегија што се подготвува, рече таа, е потребно да се идентификуваат мерливи индикатори базирани на родови разделени податоци, на ниво на резултати на специфична цел, за кои ќе бидат идентификувани почетните постигнувања, каква е состојбата денес и поставени реални цели. Да се воспостави функционален мониторниг систем, е една од препораките, да се изнајде модалитет што ќе ја зајакне улогата на надлежностите на координаторите за влијание во сопствените институции, да се вклучат и организации кои директно работат со таргет групите, да се предивиди проценка за потребата од ревизија на стратегијата на одреден временски период, активностите да бидат внимателно дизајнирани во опфат соодветен на капацитетот на институциите, а фокусот на активнсотите да биде на квалитет, наместо на квантитет…

– Жените од ранливите категории, Ромки, рурални средини и жени со попреченост, самохрани мајки, жртви на насилство, материјално финансиски необезбедени, да бидат соодветно адресирани во критичните цели, ова се препораките, рече Петревски.

Претставничката на Канцеларијата на UNWoman во Скопје сподели податоци од направени анализи за влијанието на корона-кризата, при што информира дека жените се особено погодени од кризата, посебно од аспект на загуба на работни места, зголемување на активнсота, зголемен неплатен труд во домовите, поголем ризик од родово базирано насилство.

– Сето тоа може понатаму да ги продлабочи веќе постоечките нееднаквости помеѓу жените и мажите. И покрај сите предизвици и рестрицкции наметнати од сегашната состојба, особено е значајно што сепак се поставува прашањето за родовата еднаквост. Очигледно е дека ова прашање станува  порелевантно од било кога, рече таа.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Дојава за бомба во салата „Јане Сандански”

May 15, 2025
Зеленски во Турција. Фото: Скриншот

Преговори Украина – Русија утре во Истанбул, Зеленски ја напушти Турција

May 15, 2025
Мицкоски доби мандат ако сака да ја запали државата, да ја запали

Кога дете по 10 години ќе нè праша – Оти не сме во ЕУ?

May 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Величковски: Среде Скопје Кошта ги торпедираше замајувањата на пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ за „план Б” и „креативни решенија”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Не можам да најдам разумно објаснување зошто ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери не го поддржаа законот за Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk