ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Фајнанс тинк: БДП намален за – 0,7 отсто, раст на јавната потрошувачка, стабилизиран извоз, благо намалена невработеност

Под претпоставка дека економските текови ќе може да се нормализираат до разумен степен до почетокот на есента 2021, проекцијата за растот на БДП во 2021 изнесува 4,1 отсто, посочуваат од Фајнанс тинк

March 5, 2021 22:31
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
jetto.io

jetto.io

Share on FacebookShare on Twitter

Во четвртиот квартал од 2020 година, БДП се намали за -0,7 отсто, што е во линија со иницијалната проекција од Фајнанс тинк од -0,8 отсто. Во овој квартал, продолжи растот на јавната потрошувачка (6,6%) како резултат на државната помош за намалување на социо-економските последици од корона-кризата, но со помал интензитет од претходно, се порачува во Макроекономскиот монитор К4 2020 што го објави Фајнанс тинк.

-Извозот забележа стабилизација (раст од 1,3 отсто), додека домаќинствата и натаму се воздржуваа од позначајна лична потрошувачка (пад од -4,3%). Инвестициската активност остана значајно потисната (пад од -13%). На производната страна, повеќе од секторите забележуваат консолидација во К4-2020, особено преработувачката индустрија, трговијата и транспортот, кои беа меѓу најпогодените од кризата. Вкупно, во 2020, БДП се намали за -4,5%, што е нешто подобро остварување од нашата проекција од -4,8%, се вели во Макроекономскиот монитор К4 2020.

Невработеноста во четвртиот квартал од 2020 година, се додава, понатамошно благо се намали, на 16,1 процент од претходните 16,5 проценти, додека, за разлика од претходните квартали, вработеноста забележа благо зголемување, од 46,6 на 46,8 проценти.

-Оттука, пасивизацијата на активното население која се интензивираше во претходните два квартала е сопрена, но нема позначајни знаци на реактивирање. Во четвртиот квартал, преработувачката индустрија, трговијата и транспортот креирале работни места, што е во линија со нивната консолидација, додека критичен сектор погоден од кризата останува хотелиерството и услугите со храна – сектор кој во К4-2020 изгубил близу 4.700 работни места, што е најголема секторска загуба на квартална основа, се вели во Макроекономскиот монитор К4 2020.

Се нагласува дека економијата се соочува со понатамошна неизвесност во првиот квартал од 2021 година, со значаен ризик таа да продолжи и да се продлабочи под влијание на варијабилните информации сврзани со интензивирањето на вакцинирањето.

-Под претпоставка дека економските текови ќе може да се нормализираат до разумен степен до почетокот на есента 2021, проекцијата за растот на БДП во 2021 изнесува 4,1 отсто, посочуваат од Фајнанс тинк. / МИА/.

Next Post

Во пораст заразените со Ковид-19, се очекуваат првите количини од вакцината Спутник V

НАЈНОВО

Орце и Мицкоски Скопје „72 часа чисто Скопје“

„Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

November 6, 2025

Рокас до Мицкоски: ЕУ е на ваша страна во овој процес, но одговорноста е ваша

November 6, 2025

Мицкоски за Извештајот од ЕК: Остануваме целосно посветени на европскиот пат

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk