ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи за назначувањето амбасадори: Додека не добиете официјално информација од МНР, сите информации сметајте ги за шпекулација

March 5, 2021 14:03
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Процедурата за именување амбасадори од моментот на предлагање од страна на министерот за надворешни работи преку процесот на координација со Владата и со претседателот на државата, па се до добивање агреман од државата каде што се патува, е дискретен процес, што е во рамки на класифицираните информации во државата и затоа МНР никогаш се нема произнесено за било кој кандидат доколку во било која фаза на именување се до добивање на агреман.

Ова денеска го изјави шефот на дипломатијата Бујар Османи, во одговор на новинарско прашање да даде коментар за информациите во медиумите за именувањето на Љубомир Фрчкоски за амбасадор во САД.

-Ние коментираме само за имиња на амбасадори откако се добиваат агремани. Така што во ниту еден момент Министерството за надворешни работи нема споменато дека има таков кандидат или нема, или се повлекува…Од почетокот, до крајот, тоа се информации што се провејуваат низ медиумите. Во ниту еден момент ниту сме потврдиле, ниту сме демантирале. Додека не добиете официјално информација од МНР, сметајте ги како неофицијални информации, подвлече Османи.

Во однос на честитките што Фрчкоски ги добивал на социјалните мрежи за назначувањето за амбасадор, Османи вели „ние не одговараме за честитките по социјалните мрежи на ниту еден граѓанин на Северна Македонија“.

Во врска, пак, со именувањето на Андреј Жерновски за кандидат за амбасадор во седиштето на ОН во Њујорк, Османи вели дека и тоа е шпекулација.

-Во врска со именувањето на Жерновски, тоа  е исто така прашање што произлезе од медиумите и во Министерството за надворешни работи тоа прашање не е отворено и не е разговарано, дециден е Османи.

Во однос на амбасадорското место во Софија, шефот на дипломатијата вели дека таа Амбасада треба да се пополни што побрзо, и оти веќе се во разговори со претседателот на државата и со премиерот, за да најдеме соодветен кандидат за Софија.

И премиерот Зоран Заев денеска не сакаше да ги коментира пишувањата во дел од медиумите за Љубомир Фрчкоски за амбасадор во Вашингтон. Одговарајќи на новинарски прашања, Заев рече дека ниту Владата, ниту било која институција коментира амбасадори додека не завршат постапките.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Мицкоски доби мандат ако сака да ја запали државата, да ја запали

Кога дете по 10 години ќе нè праша – Оти не сме во ЕУ?

May 15, 2025

Величковски: Среде Скопје Кошта ги торпедираше замајувањата на пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ за „план Б” и „креативни решенија”

May 15, 2025

Кошта од Тирана: Албанија би можела да биде во европското семејство дури и пред 2030 година

May 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

    ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Не можам да најдам разумно објаснување зошто ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери не го поддржаа законот за Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научници за прв пат претворија олово во злато

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk