ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Влада: Нема барање од Бугарија бугарската етничка заедница да биде вметната во нашиот Устав

March 5, 2021 20:45
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Досега во преговорите со Република Бугарија не е разговарано бугарската етничка заедница да биде вметната во нашиот Устав и нема такво барање од бугарските власти, велат од Владата за „Независен“, по изјавата на министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Од Владата истакнуваат дека Северна Македонија е граѓанска држава и нашиот Устав ги гарантира правата на сите граѓани без оглед на нивната етничка припадност.

Владата нагласува дека етничката разноликост е тоа што ја прави земјава препознатлива во светот и со што треба сите да се гордееме. Владата секогаш ќе презема проактивни активности кои се во функција на јакнење на правата на секој поединец или група.

Претседателот Стево Пендаровски, како што изјавија од неговиот Кабинет за „Слободен печат“, не гледа потреба од какви било измени на Уставот.

– Такво нешто ниту е побарано од бугарска страна, ниту претседателот очекува воопшто да се случи затоа што усвојувањето и евентуалните амандмани на Уставот се исклучиво наше суверено право и надлежност. Во овој момент, претседателот не гледа никаква потреба за какви било измени на Уставот, ја пренесе „Слободен печат“ изјавата од Кабинетот на претседателот во однос на тоа кој е ставот на шефот на државата за предлогот на министерот за надворешни работи Бујар Османи Бугарите да се стават во Преамбулата на Уставот.

Шефот на дипломатијата Бујар Османи, денеска, појаснувајќи ја неговата претходна изјава дека нема резерви Бугарите во Северна Македонија да бидат споменати во Уставот како посебна етничка заедница, рече дека „нема да да дозволиме некој да прави кампања дека државата прави притисок на кој било граѓанин заради етничката припадност“.

-Државата ги штити индивидуалните и колективните права и нема да дозволиме, дали поради изборна агенда, дали поради билатерални разлики, некој да ја прикаже државата дека ограничува индивидуални или колективни права. Немаме никаква резерва да ги прикажеме граѓаните така како што се презентираат и не смееме да дозволиме некој да прави кампања дека државата прави притисок, репресија на кој било граѓанин заради својата етничка припадност, изјави Османи.

Тој синоќа кажа дека Бугарите во земјава треба да се чувствуваат како слободни граѓани кои може да се организираат како колективна заедница, и ќе ги имаат сите права, па ако треба и нивно споменување во Уставот. /МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Каранфилова – Пановска: Пораките на Кошта се јасни, одговорност на власта е да го деблокира европскиот пат

May 15, 2025

Дојава за бомба во салата „Јане Сандански”

May 15, 2025
Зеленски во Турција. Фото: Скриншот

Преговори Украина – Русија утре во Истанбул, Зеленски ја напушти Турција

May 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Величковски: Среде Скопје Кошта ги торпедираше замајувањата на пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ за „план Б” и „креативни решенија”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога дете по 10 години ќе нè праша – Оти не сме во ЕУ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk