ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

На граѓаните им следува, но малку знаат за бесплатна правна помош

March 6, 2021 09:32
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓаните најмногу барале бесплатна правна помош за правни постапки за развод на брак, имотно правни работи, алиментација, надомест на штета, заштита на деца и малолетници, што согласно Законот од 2019 година им следува на помалку имотните граѓани при остварување на своите права.

Во текот на минатата година вкупно 2 689 лица добиле примарна и 136 секундарна правна помош, а за тоа се потрошени само една третина од предвидените пет милиони денари за таа намена.

Малата искористеност, според Министерството за правда се должи на недоволната информираност на граѓаните за своите права, додека според здруженијата кои работат на полето на бесплатна правна помош, освен малата информираност, врз тоа влијаат и рестриктивните услови за остварување на правото, но и неажурноста на институциите поради што граѓаните подолг период не успеале да си ги остварат своите права.

Граѓаните освен што не се запознаени со условите кои треба да ги исполнат за да добијат секундарна правна помош, ниту пак знаат дека таква им следува, често се јавуваат и кога постапките кои ги воделе пред различни органи се наоѓаат во завршна фаза или пак поминале долги години од моментот кога го започнале спорот и роковите во кои може да се преземе какво било дејствие се пречекорени.

Најмногу барања за БПП во Тетово, Берово и Карпош, ниту едно во Кочани, Пробиштип, Радовиш и Гази Баба

Граѓаните кои се со незавидна финансиска положба можат да побараат примарната правна помош која вклучува информации и совети за прашања од правна природа или секундарна правна помош која се однесува на застапување во поединечни судски или управни постапки.

Примарна правна помош даваат овластени лица од Министерството за правда или од подрачните одделенија по градовите во внатрешноста на државата, потоа овластени здруженија или правни клиники.

поред податоците од Министерството за правда, кои ги доби МИА, во 2020 година преку подрачните одделенија примарна правна помош добиле 625 лица, преку здруженијата на граѓани – 2 039 лица и преку правните клиники – 25 лица.

Примарна правна помош најмногу граѓани добиле во подрачното одделение во Тетово – 173, во Берово – 61 и Карпош 55, додека во Кочани, Пробиштип, Радовиш и Гази Баба нема ниту еден случај.

Интересно е дека во подрачното одделение во Охрид ниту едно лице не добило примарна правна помош, но биле поднесени пет барања за секундарна правна помош и сите биле прифатени.

Најмногу барања за секундарна правна помош биле поднесени преку подрачното одделение на Министерството за правда во Куманово – 34 поднесени, од кои 22 се одобрени, потоа Кисела Вода – 33 поднесени, од кои 21 прифатено и Тетово – 32 поднесени, од кои 15 прифатени.

Според податоците од Министерството за правда, во Тетово граѓаните најмногу барале правна помош за развод на брак, имотно правни прашања, надомест на штета, социјална заштита и работни односи, во Берово – за надомест на штета, развод на брак, утврдување на татковство, работни односи и имотно право, додека во Карпош за имотно право и развој на брак.

Здружението на Млади правници во изминатата година дале примарна правна помош на 441 лице и поднеле барање за секундарна правна помош за 21 лице. Според Гоце Коцевски, од нивното досегашно искуство на полето на БПП, може да се забележи извесно подобрување на информираноста на граѓаните, но тоа не е доволно обемно и граѓаните не се доволно информирани за видот и обемот на услугите кои може да ги побараат, па неретко се случува тие да очекуваат состав на тужби и застапување од страна на граѓанските организации и подрачните одделенија на Министерството за правда, иако тоа може да го работат само адвокати по претходно одобрена секундарна правна помош.

– Граѓаните бараат решавање на проблемот со кој се соочуваат (често пати подолг временски период и играње пинг понг од институциите). Како здружение кое има мандат да дава примарна правна помош која е ограничена на информација и совет нашата улога се состои во воспоставување однос на доверба со лицето и правилно, целосно и разбирливо информирање на правната состојба во која се наоѓа лицето и кои опции му стојат на располагање. По некогаш со правилно насочување и информирање е доволно да се реши правниот проблем, меѓутоа во други случаи се наметнува и потребата од објаснување дека состојбата не може да се реши во интерес или во корист на лицето, посочува Коцевски во разговор за МИА.

Во текот на 2020 година, од Коалицијата Сите за правично судење им е овозможена бесплатна правна помош на 78 граѓани, од кои на десет од нив во рамки на проектот „Корупција? Не во мојата општина!“.

– Кај нас најчесто се обраќаат граѓани кои не знаат кои права им стојат на располагање, но има и такви кои веќе искористиле правни средства и се обратиле до повеќе институции, но поради нивната нереспонзивност не успеале да си ги остварат своите права. Најчесто граѓаните не се запознаени со условите кои треба да ги исполнат за да добијат секундарна правна помош, ниту пак знаат дека таква им следува. Исто така може да се констатира дека граѓаните најчесто се јавуваат кога постапките кои ги воделе пред различни органи се наоѓаат во завршна фаза или пак поминале долги години од моментот кога го започнале спорот и роковите во кои може да се преземе било какво дејствие се пречекорени, посочуваат од Коалицијата за МИА.

Од досегашната работа Коалицијата, исто како и Министерството за правда, смета дека граѓаните не се доволно информирани за можноста за користење на бесплатната правна помош, ниту пак знаат за можноста за секундарна правна помош.

– Неинформираноста на граѓаните во однос на бесплатната правна помош е се`уште на високо ниво. Барањата на граѓаните се во насока на решавање на нивниот правен проблем, односно точно упатување до надлежна институција, правна опција за решавање на правниот проблем како и помош при подготовка на правни инструменти како жалба, поднесок, барање и слично, велат од Коалиција.

Согласно Законот за БПП, тоа што тимот на Коалицијата може да го направи и го овозможува е давањето на примарна правна помош во форма на иницијален правен совет за правото на користење на бесплатна правна помош: општа правна информација, општ правен совет, помош при комплетирање на барањето за секундарна правна помош, помош при пополнување на формулари, обрасци издадени од управен орган во управна постапка за социјална заштита и заштита на правата на децата; пензиско, инвалидско и здравствено осигурување; заштита на жртви на родово базирано насилство и семејно насилство; постапка за упис во матична книга на родени; стекнување со документи за лична идентификација и државјанство, составување на претставки до Комисијата за заштита од дискриминација и до Народниот правобранител и барања за заштита на слободи и права до Уставниот суд на Република Северна Македонија…

Законот за бесплатна правна помош, се применува од октомври 2019 година

За еден граѓанин да добие бесплатна правна помош треба да исполнува одредени услови, меѓу кои доколку живее сам неговиот месечен приход да не е поголем од минималната плата, а доколку живее во семејство вкупниот приход да не биде поголем од минималната плата зголемена за 20 проценти за секој член поединечно. Тоа значи дека ако минималната плата изнесува 15 илјади денари, плус 3 000 илјади или вкупно 18 000 денари за двочлено, 21 илјада за тричлено, 24 илјади за четиричлено семејство итн.

Дополнително, барателот на бесплатна правна помош не треба да има повеќе од еден станбен објект или стан во зграда, да нема повеќе во сопственост од една или повеќе физички поврзани парцели со вкупна површина од 300 метри квадратни во Скопје или 500 метри квадратни во другите општини, односно една или повеќе парцели со вкупна површина не поголема од 5 000 метри квадратни во рурални средини и едно моторно возило до 1 200 кубни сантиметри.

Граѓанинот доколку ги исполнува условите во поглед на секундарната правна помош, треба да поднесе барање за секундарна правна помош (сам или со помош од здруженијата) кое се проследува до подрачните единици на Министерството за правда, каде се решава за одобрување на барањето. Нормално рокот за одговор е еден месец, а во одредени итни постапки од два до 15 дена.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Скриншот

(ВИДЕО) Рама ја дочека на колена италијанската премиерка Џорџа Мелони

May 16, 2025
Foto: Wikimedia Commons

Додик продолжува со геноцидната реторика: Муслиманите во БиХ повторно сакаат војна; Сакаат да донесат џихадисти и да спроведуваат шеријатски закон; БиХ треба да се распадне

May 16, 2025
Фото: Укринформ

Калас: Проширувањето и е неопходно и на Европската унија

May 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Величковски: Среде Скопје Кошта ги торпедираше замајувањата на пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ за „план Б” и „креативни решенија”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога дете по 10 години ќе нè праша – Оти не сме во ЕУ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Втора полуфинална вечер на Евросонг – 16 земји се борат за место во финалето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИНТЕРВЈУ со Драган Тилев: Албанија и Црна Гора имаат јасна перспектива за членство во ЕУ, Македонија не напредува во процесот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk