ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Почитувањето на протоколите за заштита клучно за активностите за пописот

March 6, 2021 09:38
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Првата фаза од пописот се одвива тековно, согласно со пропишаните безбедносни протоколи и според властите и надлежните институции, нема причина тој да се одложи. Постои интерес кај нашето нерезидентно население да се самопопише.

Според објавата на веб страницата на Државниот завод за статистика, заклучно со вчера во 8 часот, преку апликацијата за самопопишување се евидентирани 25 878 лица.

Премиерот Зоран Заев не гледа причина да се одложи спроведувањето на пописот, бидејќи, како што изјави, тој се организира по сите протоколи за заштита. Резултатите од овој попис, според него, се исклучително важни за економската иднина на државата, и затоа тој треба да се спроведе.

-Веројатно некои земји може да си дозволат да одложат, но тие имаат направено пописи пред десеттина години, а ние немаме попис речиси дваесет години. Немањето податоци носи неправди, носи нерамноправност кај граѓаните и нееднаквост, а институциите на локално и централно ниво ги става во положба да работат во магла, во непознато, така што пописот треба да се спроведе од 1 до 21 април со резидентите. Тој е веќе почнат со попишување на дијаспората. Враќање нема, треба сите да преземеме одговорост и да учествуваме во оваа статистичка операција која е најпотребна за развој на економските мерки перспективи и иднина на државата, рече вчера премиерот Заев. 

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски оцени дека во овие моменти има услови да се спроведе пописот на терен, но секој поединец мора да ги почитува безбедносните протоколи.

– Комисијата за заразни болести апсолутно ја следи состојбата на дневна основа. Ако ситуацијата дојде таква да спроведувањето на пописот биде нецилисходно и Комисијата препорача одлагање, ние апсолутно ќе го почитуваме тоа. Нема да дозволиме никој да биде ставен во опсност и да бидеме причина за ширење на вирусот, истакна Симовски, одговарајќи на новинарско прашање  по неговата средба со министерот за надворешни работи Бујар Османи и претставници на трите најголеми верски заедници во земјава.

Во однос на изборот за попишувачи, Симовски изјави дека на првиот конкурс во 15-16 региони не се пријавиле доволен број попишувачи, поради што е објавен дополнителен конкурс што треба да заврши во недела.

Шефот на дипломатијата Османи пак истакна дека според информациите кои ги имаат, пописот се одвива тековно и има заинтересираност кај нашето нерезидентно население да се самопопишува. Во првите неколку дена над 25 000 лица се самопопишале, додаде Османи и рече дека очекува процесот да продолжи со уште поголема динамика откако на вчерашната средба од лидерите на трите најголеми верски заедници во државава, добил силна поддршка за статистичката операција.

-Сметавме дека верските заедници може да одиграат важна улога во овој процес, прво затоа што покрај нашата дипломатско – конзуларна мрежа која е максимално ангажирана во информирање на нашата дијаспора за овој процес, за техничките аспекти на процесот на самопопишување, верските заедници имаат широка мрежа на распространетост или покривање и тие се присутни на сите континенти. Нашата дијаспора во значителен број е организирана и од верски организации…Денеска од тројцата лидери на верските заедници добивме силна поддршка на овој процес со силни пораки кои ќе ги пратат преку својата мрежа до верниците, до иселениците за потребата од самопопишување како најдобриот начин за добивање точни податоци за нашите граѓани таму,.. Имаме историска шанса да добиеме јасна слика колку не има во светот и како тоа да го ставиме во функција на понатамошен развој на државата, но и да им помогнеме на ислениците во нивните секојдневни животи, додаде Османи по средбата на која покрај директорот на ДЗС Симовски присуствуваше и директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски.Со првата фаза на пописот што стартуваше на почетокот на месецов  покрај самопопсшувањето на лицата кои престојуваат во странство, се опфатени и казнено –поправните установи, бездомните лица, лицата ангажирани во Армијата на Северна Македонија, дипломатско- конзуларни претставништва и претставници во меѓународните институции.Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021 треба да се спроведе од 1 до 21 април, годинава. /MИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Верстапен не очекува Ред Бул да го стигне Мекларен наскоро

May 16, 2025
Фото: ССНМ

Отворен конкурсот за ЕУ наградите за истражувачко новинарство 2025

May 16, 2025

Реакции во Грција поради реклама со дронови над Акропол

May 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Величковски: Среде Скопје Кошта ги торпедираше замајувањата на пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ за „план Б” и „креативни решенија”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога дете по 10 години ќе нè праша – Оти не сме во ЕУ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИНТЕРВЈУ со Драган Тилев: Албанија и Црна Гора имаат јасна перспектива за членство во ЕУ, Македонија не напредува во процесот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Втора полуфинална вечер на Евросонг – 16 земји се борат за место во финалето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk