Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје е хоспитализиран 31 нов пациент поради компликации од коронавирусот. Вкупно 325 лица сомнителни и потврдени за КОВИД-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало десет приеми.
Според извештајот на Министерството за здравство, во ковид-центарот во ГОБ 8 Септември имало две нови приеми на пациенти и 14 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени пет пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени осум оздравени пациенти.
-Во моментов на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 29 пациенти, на Клиниката за неврологија 36 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 56 пациент со симтоми на корона вирусот. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 81 болен, а на Клиниката за инфективни болести лежат 101 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 18 пациенти. На ГАК има 4 хоспитализирани ковид позитивни пациентки, соопштија од Министерството.
Како што посочуваат, голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
-Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 30 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Отворена е и модуларната болница во склоп на Инфективната клиника со дополнителен број кревети. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка, се наведува во соопштението на Министерството за здравство. /МИА/




