ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Новата еврообврзница е со историски најниска камата, позитивни коментари на експертите

Освен една, сите еврообврзници издадени од владите предводени од ВМРО-ДПМНЕ се со изразито понеповолни, односно поголеми каматни стапки, во однос на тие кога на власт се социјалдемократите.

March 8, 2021 16:45
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Фото колаж: Фронтлајн.мк

Фото колаж: Фронтлајн.мк

Share on FacebookShare on Twitter

Владата ја издаде новата еврообврзница во вредност од 700 милиони евра со каматната стапка од 1,625 отсто. Од нив 500 милиони евра веќе се одлеваат за отплата на еврообврзницата издадена во 2014-та година земена од тогашната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и министерот за финансии Зоран Ставревски, пари воглавно потрошени за проектот „Скопје 2014“.

Овие суми на задолжување се неопходни и изнудени бидејќи и годинава македонската економија ќе се соочи со последиците од здравствената криза, коментираат економистите алудирајќи на потребата од финансирање на петте пакети на антикризни мерки со кои им се помага на фирмите и на граѓаните. Според планот на Владата, во следните години се очекува намалување на буџетскиот дефицит како резултат на раст на економијата и намалување на задолжувањата. Сепак – не се исклучени нови еврообврзници како извор на финансирање.

Еврообврзницата издадена сега има економска оправданост, истакнува министерот за финансии Фатмир Бесими.

„Со оваа еврообврзница ќе се рефинансира еврообврзницата издадена во 2014 година во износ од 500 милиони евра, која беше издадена по каматна стапка од 3,975%. Сега каматната стапка изнесува 1,625%, што значи дека за седум години ќе имаме каматни заштеди од 82,25 милиони евра. Понатаму, реалниотраст на БДП кој го проектираме е 4,1% (или номинален раст од 5,6%), односно за 3,5 пати повисок во однос на каматната стапка на еврообврзницата. Тоа значи дека остатокот од еврообврзницата од 200 милиони евра, кој ќе се користи за буџетска поддршка ќе продуцира неколкукратнo повисока вредност од трошокот кој ќе се плати за неа. Инаку, за споредба со проектираната реална стапка на раст на БДП, доколку се земе предвид инфлацијата во ЕУ и во нашата економија на ниво од 1,5% согласно проектираната стапка за 2021 година, лесно може да се пресмета дека реалната каматна стапка на осмата еврообврзница изнесува 0,125%, односно номиналната камата од 1,625% намалена за проектираната инфлација од 1,5%. – пишува Бесими.

Професор д-р Бранимир Јовановиќ вели дека еврообврзницата е земена во вистинско време и декa оваа камата што се доби е навистина добра.

„Оваа камата што се доби е навистина добра. Има едно непишано правило – ако каматната стапка на јавниот долг е пониска од стапката на раст на БДП тоа е добро, долгот ќе се намалува. Очекувањата се дека оваа година БДП ќе порасне за повеќе од 2%, што значи дека оваа камата од 1.6% нема да го зголеми јавниот долг.“, изјави Јовановиќ за Утрински брифинг.

Според професорот Никола Поповски, Буџетот е ликвиден и може да ги извршува сите свои функции, но повикува на внимателност.

„Буџетот е ликвиден, може да ги извршува сите свои функции. Како ќе се финансира дефицитот е друго прашање. Очекуваме тоа да се случува како и со години наназад – со задолжувања, односно не само со буџетските приходи. Според стандардите на економската наука – контролирана задолженост е таа до 60 проценти. Ние овој процент го надминавме – што значи не сме во комфорна зона и во иднина ако немаме повисоки стапки на раст, а помали дефицити – тогаш комфорната зона ќе се стеснува,“ – вели професорот и еден од поранешните министри за финансии, Никола Поповски.

Во државата досега се издадени осум еврообврзници во вкупна вредност од околу 3.5 милијарди евра.

Освен една, сите еврообврзници издадени од владите предводени од ВМРО-ДПМНЕ се со изразито понеповолни, односно поголеми каматни стапки, во однос на тие кога на власт се социјалдемократите.

Фото: Министерство за финансии

Прв пат, државата издаде еврообврзница во 2005, кога со потпис на тогашниот министер за финансии Никола Поповски се обезбеди заем од 150 милиони евра.  Каматата изнесуваше 4,625 проценти со рок на доспевање од десет години. Овој заем, односно главницата на еврообврзницата беше исплатена во 2015 година. За оваа еврообврзница беше платена камата од 69,3 милиони евра, се наведува во аналзата од Порталб.мк, пренесена од Мета.мк.

Во 2009-та се издаде втората еврообврзница – министер за финансии Трајко Славевски. Ова беше прва еврообврзница на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со вредност од 175 милиони евра. Воедно таа е и досега најскапа еврообврзница, со камата од 9,875 проценти. Рокот на отплата беше 3,5 години.

Во јули 2014 година, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со министер Зоран Ставрески ја издаде третата еврообврзница во 2014 година – со камата од 3,975 проценти се задолжи 500 милиони евра. Една година подоцна, нова четврта еврообврзница, повторно со потпис на тогашниот министер за финансии, Зоран Ставрески –  270 милиони евра со каматна стапка од 4,875 проценти и рок на доспевање од пет години, односно до декември 2020 година.

Уште една еврообврзница од мандатот на власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ издадена во 2016 година, кога министер за финансии беше Кирил Миновски во заем од 450 милиони евра, со каматна стапка од 5,625 проценти и рок на доспевање во 2023 година.

Владата предводена од СДСМ со потпис на министерот за финансии Драган Тевдовски ја издава шестата по ред државна еврообврзница во 2018 година  – 500 милиони евра со каматна стапка од 2,75 отсто.

По една година пауза – со засилувањето на економската криза актуелната Влада ја издава седмата еврообврзница во 2020 година во вредност од 700 милиони евра и камата од 3,675 проценти. На почетокот од оваа година – државата застанува зад осмата по ред еврообврзница од 700 милиони евра со камата од 1,625 проценти, што е историски најниска камата што ќе ја плаќа државата за еврообврзница, , се наведува во анализата од Порталб.мк.

Од министерството за финансии велат дека исклучително поволната каматна стапка, и покрај ковид-кризата, е резултат на прудентните макроекономски политики и зачуваниот кредитен рејтинг на земјата. Задржувањето на кредитниот рејтинг, а со тоа и довербата на инвеститорите, се должи на преземените политики и четирите пакети мерки за соочување со ефектите од кризата. Високата доверба на инвеститорите се манифестира и преку големиот број на инвеститори кои беа заинтересирани за купување на еврообврзницата, односно над 130 инвеститори сакаа да запишат двојно повисок износ од понудениот или побарувачката беше над 1,6 милијарди евра.

Ј. Ѓ.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Куќен притвор за едно, а мерки за претпазливост за друго лице вклучени во нападот врз Арсовска

July 12, 2025
Генерирано со ВИ

Реакции на Кошта и европски лидери за царините на САД: ЕУ е подготвена да ги заштити своите интереси

July 12, 2025
Фото: Скриншот, Вимбдон ФБ

(ВИДЕО) Историска победа на Ига Швјонтек за прва титула на Вимблдон

July 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Tошковски: Имало физички контакт при нападот врз Арсовска, но лага е дека се се случувало пред полицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Арсовска со драматични обвинувања кон МВР: Се обидуваат да го заташкаат тепањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk