ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шекеринска: Денеска не е само ден на жените, денеска треба да биде и ден на женската солидарност

March 8, 2021 15:36
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска не е само ден на жените, денеска треба да биде и ден на женската солидарност и ден во кој најмногу се радуваме кога мажите ќе не поддржат во битката за ова да не остане само наша битка, истакна министерката за одбрана Радмила Шекеринска за време на нејзиниот престој во Битола.

На трибината „Жените, носители и креатори на политики“, министерката Шекеринска посочи дека во нашето општество се уште постојат сериозни проблеми за жените кои мора да ги решаваме, и затоа и денеска ја испраќаме пораката до сите државни органи, до Јавното обвинителство, дека насилството кон жените создава и физичко насилство, и ако не реагираме денеска, утре ќе имаме поголем проблем.

– Битола е една од ретките општини што има градоначалничка и една од општините што покажа дека знае да даде шанса, можност, сила, енергија и одговорност и на една жена. Пред повеќе од 100 години 8-ми Март бил симбол на борбата за еднаквост во смисла на нашето право за глас. Пред 50 години, кога се зборувало на овие теми, битката била да се добие шанса за иста работа, да се добие шанса за подобро образование, да се добие шанса да се биде сметан за еднаков на работните места. Многу работи се променија и многу борби се добиени, но се уште зборуваме за планини кои треба да ги искачиме, се уште зборуваме за проблеми со кои што се соочуваат жените, а со кои мажите не мора да се занимаваат. Затоа на денот на жената, да се потсетиме на тоа што го сработиле тие пред нас, но и да се потсетиме и дека ние треба да придонесеме. Нашиот придонес денеска е да помогнеме на оние жени кои отанале сами, на оние жени кои што се во потешка ситуација, на оние девојки што немаат поеднакви права за образование и работа, и да им помогнеме да ги совладаат и системските слабости кои што општеството пред нив ги поставува, нагласи таа. 

Ова е ден, според Шекеринска, во кој што треба да си поставиме поамбициозни цели, односно жените да ги има повеќе на местата каде што се одлучува на државно и на локално ниво, да се потсетиме дека за иста работа треба подеднакво да бидат платени, семејствата во општеството трева да ги градиме како семејства на еднакви, но се разбира, денеска треба да се потсетиме дека не чека голема работа за да го сузбиваме и со успех да се бориме против родово базирано насилство, насилството насочено кон жените кое не е само физичко, туку често пати знае да биде со психолошки притисок, притисок преку социјалните мрежи, притисок на средината каде што понекогаш жените кои отскокнуваат од другите, и не се прифаќаат најмногу. 

-Тоа што се случуваше со т.н. „Јавна соба“ покажа дека во нашата држава и во нашето општество сеуште постојат сериозни проблеми за жените кои мора да ги решаваме за да тие девојки и жени можат да живеат, работаат и создаваат семејства – слободни, а не под притисок на закани, насилство или одбивања од страна на еден дел од средината, и затоа и денес ја испраќаме пораката до сите државни органи, до Јавното обвинителство дека ваквиот тип на насилство кон жените создава и физичко насилство, и ако не реагираме денес, утре ќе имаме поголем проблем. Денеска не е само ден на жените, денес треба да биде и ден на женската солидарност и ден во кој најмногу се радуваме кога мажите ќе не поддржат во битката за да ова не остане само наша битка, истакна министерката Шекеринска.

Пред аудиториумот во Битола свои обраќања имаа пратеничката во македонскиот парламент Бисера Костадиновска Стојчевска, која истакна дека го креваме гласот за жените кои од различни причини не успеале да го кренат својот глас.

Градоначалничката Наташа Петровска потсети дека секое време има свое бреме. – Никогаш не е доволно и никогаш не сте направиле доволно, се додека се зборува за родова еднаквост, нагласи Петровска.

извор: МИА

Next Post

КФС: Финансискиот систем успешно им одговори на предизвиците од корона-кризата, регулаторите постојано ги следат состојбите

НАЈНОВО

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk