ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Со првата пратка од руските вакцини ќе се вакцинираат хронично болни и луѓето во домови за стари лица

March 8, 2021 08:02
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Првата пратка од руската вакцина „Спутник В“ вчера пристигна во земјава. Пристигнати се 3000 дози, а вкупно нарачани се 200 илјади. Надлежните уверуваат дека вакцините се безбедни и ќе обезбедат континуитет на процесот на имунизација.

Први кои ќе се вакцинираат, согласно националниот план, се граѓани со хронични болести и луѓето сместени во старачките домови.

За начинот како ќе се одвива вакцинацијата, министерот за здравство Венко Филипче вчера при приемот на пратката објасни дека сите ќе бидат известени преку своите матични лекари и повикани на пунктовите кои ќе им бидат најблиску, додека во делот на старечките домови, вакцинирањето ќе се спроведе во домовите.

-Станува збор за вакцини кои што се различни во делот на вакцинацијата и ревакцинација, што значи дека сите овие дози ќе се користат за прва вакцина. Продложува процесот на имузација во доменот на здравствените работници и според индикацијата и на граѓани и онака како што е предвидено во националниот план за вакцинација, рече Филипче.

Вакцината „Спутник В“ е замрзнат раствор од 0,5 милилитри, за еден корисник, а ќе се чува во фржидерите во пунктот во „Јане Сандански“. Пратката е преземена преку службата на ДХЛ од Москва во Белград каде стигнале и одредени количини за Србија, заедно со овие 3.000 за нас.

Во однос на тоа кога ќе пристигне втората пратка, Филипче посочи оти и руската компанија, како останатите, во однос на испораката е под голем притисок од сите земји во светот. Затоа, во текот на следните денови ќе се знае кога пристигнат останатите 200.000.

-Преку личниот ангажман на амбасадорот кој зема обврска да го забрза целиот процес и во директни разговори со претставници на Рускиот инвестициски фонд кој ја менаџира дистрибуцијата на вакцините, не само што имаат обврска да ги пратат и другите 3 000 вакцини, туку зборуваме и за останатата динамика. Кога ќе дојдат оние 200 000 веројатно ќе знаеме во некој од следните денови. Како и за другите производители и тука важи тоа дека се под огромен притисок од сите земји во светот, истакна министерот.

Од вакцината „Спутник В“ нема контраиндикации, уверува Филипче. Постои само препорака за претпазливост кај трудниците и доилките.

Сепак, до овој момент, за ниту една вакцина нема сериозна контраиндикација, ниту е регистриран некаков несакан ефект за време на клиничките студии и потоа, а тимот експерти ги прати буквално сите публикации.

Според амбасадорот на Руската Федерација во земјава, Сергеј Баздникин кој лично се ангажираше овие количини во земјава да стигнат побрзо, оваа вакцина ќе биде од голема важност за спасување на човечките животи, но и за враќање на македонската економија во траекторијата на раст.

-Ние секогаш сме подготвени да им помогнеме на македонските граѓани со кои уживаме во вековните традиции на пријателство и споделуваме заеднички вредности. Имаме многу конструктивна соработка со Владата на РСМ и сме спремни да ја прошируваме врз нови области на основа на еднаквост и взаемно почитување на интереси, рече амбасадорот.

Според Баздникин, „Спутник“ е првата регистрирана вакцина против Ковид-19 во светот. Тој е дециден дека вакцината е апсолутно безбедна и ефикасна и сега станува со право светски „бестселер“.

Со Северна Македонија оваа вакцината е регистрирана во 46 земји во светот вклучувајќи неколку држави во Европската Унија.

Амбасадорот вчера изјави дека е во тек забрзана постапка во Европска агенција за лекови за да ја испитува делотворноста на вакцината врз основа на резултати од досегашните лабораториски испитувања и истражувања.

Во Светската здравствена организација (СЗО) се разгледува барањето за „Спутник“ да се вклучи во листата на лекови одобрени од СЗО, да се користат за во вонредни ситуации.

Во нашата земја не се намалува бројот на новозаболени од Ковид-19. Вчера беа регистрирани нови 333 случаи на Ковид-19 во земјава. Оздравени се вкупно 268, а починаа 10 лица.

Досега во земјата од почетокот на пандемијата се направени вкупно 543.254 тестирања на Ковид-19, а дијагностицирани се 107.163.

Вкупната бројка на оздравени пациенти е 94.729, а на починати е 3.195. Бројот на активни случаи изнесува 9.239./ МИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Променливо облачно со температура до 15 степени

НАЈНОВО

Скриншот

Трамп: ЦИА е овластена за тајни операции во Венецуела поради дрогата

October 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас: Немаме пристап до остатокот од телата на заложниците, потребна е специјална опрема

October 16, 2025

Делови од Стајковци, Центар, Бутел и Ѓорче Петров без електрична енергија

October 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од локални до национални: Зошто изборите во општините со мнозинство албански гласачи се клучни?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk