ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вакцинацијата со Спутник V најверојатно ќе почне со повозрасните лица

March 8, 2021 15:18
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Тимот кој ги евалуира упатствата за руската вакцина Спутник V денеска треба да излезе со дефинитевен став, кои лица ќе имаат предност за вакцинирање со оваа вакцина. Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека најверојатно тоа ќе бидат повозрасните лица и оти има размислувања за тоа каде да се почне со вакцинација. 

– Сега има некои мислења и за тоа дали да се почне со старечките домови и со луѓето коишто се сместени таму или со дел од кадарот, така што дефинитивно денеска ќе знаеме, изјави министерот.  

Втората доза од руските вакцините би дошле во земјата најдоцна за три недели, но интензивно се разговара за пристигнување и на поголемо количество од првично предвиденото.

– Тоа беше обврска преземена од страна на претставниците на руската компанија, но истовремено и денеска, веќе утрово интензивно разговаравме со претставници на Руската амбасада, коишто помагаат да стигне и поголема количина, истакна Филипче. 

Повозрасните лица ќе бидат информираат преку матичните лекари за терминот и пунктот за вакцинација.

Министерот за здравство посочи дека денеска ќе се знае како ќе биде дистрибуирана вакцината Спутник V во другите градови.

– Термините ќе останат исти. Единствена разлика е во делот на растворањето на вакцината, ако во една дијала кај Фајзеровата вакцина се вадеа шест дози, овде една дијала е за еден човек. Значи замрзнат е раствор само за еден граѓанин којшто може да ја прими вакцината. Но, денеска ќе биде тој распоред од страна на тимот, рече Филипче.  

Во однос на вакцинирањето, министерот за здравство појасни дека матичните лекари ќе се користат како мост преку којшто се информираат граѓаните, а ќе добијат термин согласно расположливоста на вакцините.

– Затоа граѓаните се уште немаат добиено фидбек назад и тие коишто се пријавиле сами и тие чиишто податоци се генерирани од самиот систем  од „Мој термин“, поради тоа што сега се прави овој распоред. Значи, сите ќе бидат соодветно информирани. Дури и таму кај што матичните лекари не аплицирале самиот систем може да ги генерира тие податоци. Ние тие податоци ги имаме, вели Филипче.  

Медицинските лица кои досега ја примиле вакцината за коронавирусот од „Фајзер“, засега немале контраиндикации. Филипче вели дека она што може сега да го каже е дека освен покачена температура еден ден вечерта по вакцинацијата, еден или двајца здравствени работници имале и локална реакција на местото на вакцинацијата во смила на црвенило, блага болка и отекување на лимфните јазли на пазувата, Тоа било опишано во упатството како можен несакан ефект, а други значајни нуспојави нема. 

извор: МИА

Next Post

Шекеринска: Денеска не е само ден на жените, денеска треба да биде и ден на женската солидарност

НАЈНОВО

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

Во месецот на машкото здравје се прават бесплатни прегледи на пациентите на штипска Урологија

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk