ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Медиа Плус: Македонска, а не бугарска компанија, ја изработила апликацијата за попис во странство

March 9, 2021 12:26
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Неколку македонски дигитални медиуми објавуваат идентичен текст со различни наслови, пишуваат дека интернет платформата преку која од денеска се попишуваат македонските државјани во странство е направена од бугарска фирма, пишува „Медиа Плус“ во својата анализа.

„Скандалозно: Софтвер инжинер открива бугарска врска во македонскиот попис“ и „Има бугарска врска во македонскиот попис: Софтвер инжер со скандалозно откритие“ се насловите на текстовите базирани на твит, кој го пренесуваат во целост:

Страната https://t.co/6TCwHTCWPJ за #попис2021 е изработена од компанијата @ScaleFocus, што му е седиште во #Бугарија и CEO e Иван Иванов. Баш од една Држава што ја блокира #Македонија кон #ЕУ. Како не вие е срам @SDMMakedonija?

Веднаш потоа авторот коментаторски прашува:

Посебно прашање во овој контекст е и зошто македонски софтвер компании и инженери, кои важат за успешни и на меѓународен план, не ја добиле оваа зделка која е важна и од безбедносна и највисока државна важност“

Со тврдењето дека бугарска фирма ја изработила веб апликацијата за попис на македонските државјани, овие медиуми дезинформираат. Изработката на апликацијата е на компанијата Скеил фокус од Скопје, регистрирана во 2019 година. Во Централниот регистер на РСМ е регистрирана како Друштво за компјутерско програмирање, информатичка технологија и услуги СКЕИЛ ФОКУС ДООЕЛ Скопје, со седиште во општина Центар. Компанијата аплицирала и добила и државна помош од македонската влада, со одлука донесена на седница од 16.12.2019 година.

Во податоците за членки на Стопанската комората за информатички и комуникациски технологии МАСИТ пишува дека Скеил фокус „има над 200 активни проекти и со веќе реализирани 300 проекти за 500 партнери од листата на Forbes 500. Со канцеларии во 6 земји низ светот и со над 1000 вработени во канцелариите во Бугарија, Северна Македонија, Обединетото Кралство, САД, Швајцарија и Германија, “Скеил фокус”, е исклучително брзорастечка компанија, потврдено со извештајот на „Фајненшл Тајмс“ од 2019 година, кој ја вбројува компанијата во 1000-те најбрзорастечки компании во Европа, со повеќе од 100 награди и признанија“.

Македонската канцеларија на „Скеил фокус“ е една од шестте на истоимената компанија со седиште во Софија, Бугарија.

Од Државниот завод за статистика потврдија дека „Скеил фокус“ ја постави платформата за попис, но дека се работи за македонска компанија.

При потпишувањето на договорите за работа, компанијата се обврзува на задолжителна проверка на ангажираните луѓе од страна на Министерството за внатрешни работи. По добивањето на одобрението од МВР, ангажираните и одбрени лица, потпишуваат Изјава за обезбедување тајност и заштита на обработката на индивидуални податоци.

Авторите на овие идентични текстови пропуштиле да ги проверат податоците што ги прочитале на социјалните мрежи. За ние е доволно дека корисникот на социјалната мрежа Твитер, кој ја објавил информацијата, е како што пишуваат „е основач на повеќе софтверски фирми и важи за сериозен професионалец“. Меѓутоа, работата на новинарите е да ги истражат и проверат фактите, по што професионалното новинарство се разликува од тоа што се побликува во неформалните канали, каде ги вбројуваме и социјалните мрежи.

Во Кодексот на новинари, во основните принципи пишува: почитувајќи ги етичките вредности и професионалните стандарди во пренесувањето на информациите, новинарите ќе бидат чесни, објективни и точни.

Во членот еден Кодексот го обврзува новинарот да ја провери информацијата колку што е тоа можно и да инфрмира доколку станува збор за шпекулација, нагласува „Медиа Плус“ во својата анализа.

извор: МЕТА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Истрага за двајца соизвршители за убиството во Батинци, едниот е уапсен

July 17, 2025

Албански медиуми: Косовскиот полицискиот заменик командант Бојан Јевтиќ уапсен за шпионажа; Илир Мета останува во затворски притвор; Бесиана Кадаре разрешена од УНЕСКО

July 17, 2025

Министерот Лимани и градоначалникот Ѓеорѓиевски потпишаа договор за грант за проширување на капацитетите за предучилишно образование

July 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Костадин Костадинов на ФБ

    Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како може да е лажна вест кога го кажува токму она што јас го мислам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тошковски вели ако дивоградбите претставуваат опасност по живот ќе се рушат, од СДСМ прашуваат – што ако се неопасни

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел и Барак Обама се пошегуваа со гласините дека се пред развод

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk