Овој човек патува насекаде низ светот со неговата прскалка сè со една цел…да ги избрише расистичките графити!
Кори Флишер, ги отстранува расистичките графити насекаде низ светот благодарение на силниот притисок на неговата прскалка. It’s Gone Viral, ни покажува како од кукасти крстови на ѕидовите на училиштата, до религиски навредливи графити, сето тоа е избришано, само за да се пренесе една силна порака, а тоа е да ја шириме љубовта и да се ослободиме од омразата…
Кори вели дека секој ден се чувствува како да му е роденден благодарение на милионите фанови кои ги има, и очигледно ужива во неговата работа.
подготвила: Марија Миткоска