Собранието утре во 12 часот ќе ја продолжи расправата по точките од 26.седница, по која ќе се одржат и 20., 25. и 29 седница.
За гласањето по Предлог – законот за изменување на законот за аудио и аудиовизуелно медиумски услуги по скратена постапка во второ и трето читање, како што беше истакнато на седницата, пратениците ќе бидат дополнително информирани.
Пратениците денеска ги донесоа измените на Законот за тутун. За нив гласаа и пратенциите од опозицијата. Со Законот се продолжува рокот за откуп на реколтата за еден месец со што им се излегува во пресрет на тутунопроизводителите. /МИА/