ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шахпаска : Продолжуваме со заложбите за уште поголема вклученост на лицата со попреченост во политичкиот живот, да бираат и бидат избрани

March 10, 2021 14:39
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска учествуваше на настанот „Промоција на наоди од мониторинг на лица со попреченост“ организиран од Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“, на кој беа презентирани резултатите и препораките од мониторингот од Парламентарните избори 2020 година, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

„Лицата со попреченост претставуваат најголемото малцинство на светот. Светската здравствена организација вели дека 15 отсто од светската популација се лица со попреченост. Ако ги земеме 1.800.000 запишани гласачи во нашата држава, тогаш бројката на оваа категорија на граѓани е доста висока, околу 200-270 илјади лица. Сериозна бројка, која има свои права, потреби, а ние како одговорни институции треба да одговориме,“истакна министерката Шахпаска.

Таа се осврна на носењето на Законот за спречување и заштита од дискриминација, во делот на дефинирањето на дискриминаторската  основа, попреченост, при што е  прифатен  амандманот од страна на Здруженијата за лица со попреченост и е дефинирана  како во Конвенцијата на Обединетите нации. Членот 29 од Конвенцијата кој гарантира право на лицата со попреченост да бираат, да учествуваат во избирачкиот процес, меѓутоа и да бидат избрани. Притоа, таа го истакна како многу значајно нивното учество во сите сегменти од функционирање на општеството, започнувајќи од локално ниво, како советници, пратеници, во извршната власт, поаѓајќи од нивното мото „Ништо за нас, без нас“, значи вистинска имплементација на она што е нивна заложба, во носењето одлуки.

Министерската потенцираше дека изминатите седум години направени се сериозни чекори во поглед на лицата со попреченост и нивната вклученост во избирачкиот процес, од избирачки материјали разбирливи за нив, воспоставување на знаковниот јазик за време на избори, пристап на избирачките места, гласачките паравани, обука на членовите на избирачките одбори како да им помогнат на лицата со попреченост да го остварат правото на глас.

Како позитивен исчекор министерката Шахпаска го посочи и учеството на 67 лица со попреченост како набљудувачи на изборниот процес.

„Како Министерство за труд и социјална политика сериозно работиме на проблематиката на лицата со попреченост,затоа што тоа е една од ранливите категории на граѓани, која се наоѓа високо на нашата агенда. Изминатиот период освен носењето на Законот за спречување и заштита од дискриминација ,го донесовме и Законот за спречување и заштита од насилство врз жената и семејно насилство , каде што жените со попреченост се дополнително ранливи во делот на насилството. Исто така, во собраниска процедура е и законското решение за лична асистенција излегувајќи во пресрет на граѓаните со попреченост ја спуштивме возрасната граница од 18 на 6 годишна возраст,“истакна Шахпаска.

Министерката посочи дека Министерството во  моментов работи на   меѓународната класификација на функционалноста, каде што попреченоста согласно Конвенцијата не се дефинира како медицинска дијагноза , туку како човеково право. А во крајна фаза е подготовката на Правилникот кој што ќе ги адресираа барањата врз основа на таа проценка , дали се образовни, социјални, здравствени потреби, за да можат овие лица на рамноправно да учествуваат со останатите граѓани во општеството.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Патот од Подмоље до Охрид вечерва ќе биде пуштен во сообраќај

June 21, 2025

Македонија е првата европска земја што доби турски влечни хаубици БОРАН

June 21, 2025
Инаугурација на папата Лав XIV. Фото: Скриншот

Папата предупредува на предизвиците кои ги носи вештачката интелигенција

June 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ нема да има кандидати за градоначалници во Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче ги објави првите 19 кандидати на СДСМ за градоначалници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британски „Економист“: Вучиќ е на колена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Конечната пресуда за убиствата на Вања и Панче на 25 јуни

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk