Интервјуто на Меган Маркл и принцот Хари со Опра Винфри привлече огромно внимание, особено поради обвинувањата за расизам. 39-годишната Војвотка сподели дека пред раѓањето на Арчи, имало разговори колку темна ќе биде неговата кожа и со тоа поттикна бројни дискусии.
Принцот Вилијам денес за првпат го прокоментира интервјуто. На прашањето дали кралското семејство е расистичко, тој накратко одговори „Ние не сме расистичко семејство“. Исто така, тој призна дека не бил во контакт со Хари по интервјуто, но дека планира да разговара со него.
Вилијам беше придружуван од војвотката Кетрин при посетата на училиште по повод промовирањето на програма за менталното здравје на децата.
Војвотката од Кембриџ беше облечена во розово палто од Max & Co, џемпер од Boden и црни елегантни панталони.
извор: http://www.femina.mk/