ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шахпаска: При вработувањето преку Оперативните мерки треба да биде отсликана сликата на нашето општество

March 11, 2021 13:41
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Кога на еден оглас што ќе го објави Агенцијата за вработување ќе се јават пет кандидати од различна етничка припадност, тогаш при изборот на кандидатите кои ги исполнуваат условите треба да биде отсликана сликата на нашето општество во делот на етничката припадност на кандидатите. Кога тие еднакво ги исполнуваат условите ќе се гледа да бидат застапени на ист принцип како што се застапени во општеството што е правично, појасни денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

Тоа, како што посочи, значи инклузија, рамноправност, диверзитет, разновидност на лицата кои ќе бидат вклучени зашто сите кои аплицираат за мерките од Оперативниот план влегуваат во ранливата категорија на граѓани која првично ги регрутира во системот за да бидат вклучени во Оперативниот план на програми и мерки.

Како што истакна, диверзитетот треба да биде отсликан за сите мерки од Оперативниот план како за корисниците на мерките, така и за фирмите кои аплицираат.

-Ако аплицираат компании чии сопственици се со различна етничка припадност, тогаш и во изборот на компаниите кои ќе бидат корисници на мерката како приматели на субвенција кои ќе вработуваат ранливи лица исто ќе бидат отсликани во сликата на општеството, рече Шахпаска во одговор на новинарско прашање при денешната презентација на Оперативниот план за активни програми и мерки 2021 година.

При изборот на кандидати кои аплицирале за некоја мерка, потенцира, треба да ја пресликаме сликата на нашето општество, односно треба да се запази диверзитетот по возраст, пол, верска и етничка припадност на ранливите категории граѓани.

-Воедно и при аплицирањето за мерките од Оперативниот план за компаниите кои ги исполнуваат критериумите ќе се води сметка да биде отсликано нашето општество, диверзитетот, различностите. Меѓутоа, основен критериум по кој што ќе влегуваат невработените лица е нивната ранливост независно од која етничка припадност се, појасни Шахпаска.

Нагласи дека строго се дефинирани критериумите за вработување и додаде дека кога има кандидати со исти квалификации тогаш се гледа застапеноста да биде онаква каква што е во општеството.

извор: МИА

Next Post

Филипче: Има слободни кревети, верувам дека мерките ќе дадат резултат

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk