ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Силвана Бонева: Обвинението против мене е целосно неосновано

March 11, 2021 13:14
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

„Полека но сигурно, вистината излегува на виделина! Повеќе од 6 години се криеше од јавноста резултатот од деталната истрага на УЈП за потеклото на имотот и средствата на моето семејство, со која се утврди дека истите се стекнати на законски начин, од пријавени и оданочени средства!“ – се вели во дописот на поранешната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ до Редакција Фронтлајн, а тоа го сподели на својот профил на социјалните мрежи.

„Цело време ова информација се чуваше како строго доверлива за да може да продолжи политичката пресметка со мене, а СЈО да има оправдување за поведување на неоснована постапка против мене и со тоа да троши огромни суми од буџетот на РМ!“ – тврди, меѓу другото, Бонева.

„Имено, во 2014 год. против мене од страна на УЈП беше покрената и спроведена 6 месечна детална постапка за испитување на имотот и имотната состојба на целото мое семејство. За мене од непознати причини, резултатот од истрагата беше класифициран како СТРОГО ДОВЕРЛИВО, па така согласно член 8 став 2 од Законот за класифицирани информации од 2004, овој документ беше третиран како да е информација чие неовластено откривање би предизвикало исклучително сериозна штета за виталните интереси на Република Македонија. Повеќе од 6 години јавноста не смееше да го знае резултатот од испитувањето на мојот и имотот на моето семејство, иако со години се зборува дека треба да се испита и да се знае потеклото на имотот на политичарите! Согласно член 20 став 2 од Законот за класифицирани информации од 2019, побарав од УЈП документот да биде декласифициран за потребите на мојата одбрана пред судот во врска со неоснованото обвинение на СЈО, по што денес добив одговор дека истиот повеќе не претставува класифицирана информација“ – “ – гласи верзијата на настаните според поранешната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Бонева, документот што го добила потврдува дека нејзиниот и имотот на целото нејзино семејство не е стекнат, ниту зголемен како резултат на непријавени и неоданочени приходи и дека потекнуваат од законски стекнати, пријавени и оданочени приходи!

„Овде спаѓаат и приходите и имотот на кои се заснова обвинението на СЈО, а за кои истрагата на УЈП утврди дека се законски, со што дополнително се покажа дека обвинението на СЈО против мене е целосно неосновано! Борбата за вистината и правдата продолжува!“ – заклучува Бонева.

Секако, останува и споменатите институции, односно правосудните инстанции да се произнесат во овој случај. Со цел да бидат застапени сите засегнати страни и во интерес на јавноста, Фронтлајн не ја пропушта можноста да го пренесе и ставот на обвинетата Бонева.

Д. Е.

 

Next Post

Ќе гарантираме безбедност на попишувачите, доколку има потреба ќе се промени и протоколот, вели Филипче

НАЈНОВО

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

Во месецот на машкото здравје се прават бесплатни прегледи на пациентите на штипска Урологија

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk