ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Апостолите на политичката лага

March 12, 2021 10:08
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ / ЦИВИЛ МЕДИА

Се разбира дека на Каракачанов не треба ништо да му се верува!

За жал, тоа важи и за неколку имиња од првенците на ВМРО-ДПМНЕ кои се најдоа на неговата „листа“ на издадени бугарски пасоши. Иста мета, исто отстојание.

Зошто?

Бидејќи ВМРО-ДПМНЕ со години работи на индустриско ширење лаги и пропагандни кампањи за дискредитација на своите политички противници. Два-тројца од објавените имиња се апостолите на овој проект на опозицијата кој спаѓа во најопасните „биолошки оружја“ против демократијата: вештачки произведен вирус, кој метастазира како најопасен карцином, што систематски ја поткопува довербата во општеството и смислата на јавната дебата.

Не треба сега тие да се лутат и да протестираат кога се жртви на оваа долна провокација на Каракачанов наменета за нивна политичка компромитација. Оти, целата пропагандна опозициска машинерија ревносно и алармантно ги пренесуваше, засилени со партиски соопштенија и апокалиптични прес-конференции, сите националистички навреди и клевети на Каракачанов кога им одговараше да покажат дека политиката за добрососедство на Заев не дава резултати и дека е „предавничка“ – да, тогаш го ценеа и фактот на официјалната позиција на Каракачанов како потпретседател на Бугарската влада. Ама, тој и сега е истиот и на истата позиција (да се надеваме, не за долго), само што целта не му е Заев и неговата политика, туку пропагандниот „демолишн бенд“ од врвот на „побратимите“ од македонското ВМРО.

А, всушност, на злобата на Каракачанов целта секогаш му се Македонците и Македонија. Тоа не треба да се заборава во овдешните меѓупартиски препукувања. Каракачанов е регистриран соработник на бугарските тајни служби, од кои бугарскиот претседател Радев минатата недела официјално побара вклучување во заштита на „бугарските интереси“ во Македонија. И тоа не треба да се заборава во овдешните меѓупартиски препукувања.

Дотолку повеќе што паралелно со „увезената“ вмровска афера од Бугарија, се одвива и „увезената“ афера од Италија, повторно низ проверениот меѓународен пропаганден канал на крајно-десничарските другарчиња од „Ла верита“. Пак ли се истите „кики-фрики“ интереси, цели, финансиери и логистика како и минатиот пат во прашање? И тогаш имаше бугарски замешателства; и тогаш Антонио Милошоски беше главниот портпарол за објаснување на аферата; и тогаш целта беше да се руши власта со голем ентузијазам…

Но, набавката на вакцините – односно, ненабавката – е многу сериозна тема за да може да помине само со грубите обвинувања од опозицијата и демантите од власта. Со оглед на глобалниот хаос со набавката на вакцините, феноменот на посредници во вакви набавки можеби не е невообичаен, но со оглед на политичката и здравствената чувствителност на темата, неопходно е да се расчистат сите поединости на оваа (неуспешна) операција. И тоа пред да се изнаслушаме дваесетина партиски прес-конференции и двојно повеќе теории на заговор.

Додека шефот на јавните обвинители го нема никаде, претседателката на Комисијата за спречување корупција веднаш изјави дека тие ќе го разгледаат случајот и набрзо ќе решат дали има потреба да покренат постапка. Што чека Обвинителството?

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

Next Post

Продолжен рокот за поднесување на годишна сметка до Централниот регистар

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слот застана во одбрана на Салах

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk