ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Деспотовски: Со кофинансирање практики за зголемување на продуктивноста до поголеми плати за вработените во странски фирми во земјава

March 12, 2021 16:28
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Поголеми приходи за вработените, преку нови инвестиции во постојните и отварање нови производствени капацитети е целта на активностите што ги спроведува Владата како поддршка на странските инвестиции во земјата. Интенција е таквите активности да се насочат кон реализација на веќе договорените услови од заемен интерес преку реализирање на предвидените планови од страна на компаниите, но и да се иницираат дополнителни услови што ќе овозможат реализација на нови развојни проекти. Тоа го истакна директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони (ТИРЗ), Јован Деспотовски, кој денеска ги посети индустриските капацитети во ТИРЗ во Кичево, Струга и во Охрид.

-Тука сме да ги слушнеме проблемите со кои се соочуваат компаниите, но и нивните планови за нови инвестиции. Изминатите неколку месеци имаме најави со конкретни писма на интерес, како од постоечките така и од нови фирми, преку потенцијални инвестиции меѓу 80 и сто милиони евра. Позитивно за нас е што компаниите работат, размислуваат да ги прошируваат капацитетите. Тоа ќе значи не само нови работни места, туку квалитетни работни места што подразбира добри примања, рече Деспотовски.

Тој појасни дека се разгледуваат, дискутираат нови мерки што би биле во насока на поттикнување спирала на раст на платите на вработените во компаниите во ТИРЗ.

-Подготвуваме инвестициски пакет од 15 милиони евра насочен кон инфраструктура. Тоа не значи само исполнување на договорните обврски на Дирекцијата кон компаниите, туку и создавање услови за нови инвестиции. Една од мерките е поттикнување на криеирање нови работни места, условена со динамика во пораст на платите за сите вработени во компаниите, рече тој.

Како еден од главните проблеми што се јавува и како предуслов за покачување на примањата на вработените од страна на Асоцијацијата на технолошки напредните компании и генерално од сите странски компании е продуктивноста во производствениот процес.

-Продуктивноста е проблем децении наназад. Разговараме за посебна програма што предвидува државата преку кофинансирање да им овозможат на компаниите да спроведуваат програми за развој на вештини, што од своја страна ќе поттикнат раст на продуктивноста, а оттаму и пораст на платите, рече Депостовски.

Директорот на „Костал Македонија“ Виктор Мизо истакна дека ваквите средби и разговори поволно влијаат на заложбите за утврдување на активностите за раст и развој во иднина, но и во насока на адресирање на потешкотиите со кои се соочуваат странските фирми што имаат инвестиции во земјата.

-За нас е мошне важно да имаме здрава, добра инвестициска клима, можност за развој, задоволување на договорните обврски на државата, и тоа не само преку државна помош.

Плановите на „Костал Македонија“ за иднина за позитивни, интенција е да се разработуваат нови проекти, но тоа зависи и од конкурентноста на компанијата за светскиот пазар.

-Планот е наредните неколку години филијалата во Охрид да биде една од двете најважни локации на „Костал“ групацијата во Европа. Тоа е многу позитивно и за државата, доколку се земе предвид додадената вредност на крајните производи на компанијата, со потенцијал за неколку години да се оствари годишен извоз од над 300 милиони евра и вработување на над илјада висококвалификувани вработени, рече Мизо.

Потенцијал за развој на локалните економии има и преку учество на локалните фирми во финалните производи на странските производствени капацитети, но засега тој дел не е на задоволително ниво.

Мизо истакна дека голем дел од локалните компании се уште не ги имаат потребните сертификати за квалитет, начин на размислување, па и за добавување на договорените производи и услуги навремено и по определена цена.

-Ние практикуваме процес на локални набавки, се она што ни е потребно го набавуваме локално доколку може. Затоа со локални компании работиме менторинг, да можеме да ги развиваме да обезбедуваат резервни делови за нас, со можност да работат и како добавувачи на сериски производи. Но, за да се стигне до тоа ниво треба да се работи, истакна Мизо. / МИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Пуштени во употреба првите 20 километри од автопатот Кичево – Охрид, власта се фали за својата посветеност и работа

July 13, 2025

(ВИДЕО) Римац Невера Р постави 24 светски рекорди, станува најбрзиот електричен автомобил досега

July 13, 2025

Нови детали за убиството во Прилеп: Пред куќата полицијата имала престрелка со убиецот

July 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нови детали за убиството во Прилеп: Пред куќата полицијата имала престрелка со убиецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Барселона сака да се „ослободи“ од двајца играчи, тие не сакаат да заминат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двојно убиство и самоубиство во Прилеп, убиецот ги убил внукот од сестра и неговиот син, па се самоубил

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk