„Ми беше чест да се сретнам денес со Ректорот на Универзитет во Тетово, г-дин Вулнет Амети, при мојата посета во овој Универзитет. Разговаравме за студиските програми и административните прашања како и за темите што ги поврзуваат нашите две институции.
Имајќи го предвид моето искуство во академската фела, ги препознавам потребите и предизвиците на нашите универзитети, и на овој состанок истакнав дека Министерството за информатичко општество и администрација е секогаш отворено за унапредување на соработката со сите институции и е спремно да помага во секое време.
Исто така, ја истакнав мојата подготвеност да нудам поддршка при процесите на унпредување на вработените во овој Универзитет, според стандардите на меритократија како и во врска со придобивките од процесот на дигитализација на услугите во институциите на високото образование.
На крај, со Ректорот Амети заедно ја изразивме важноста на развојот на образованието, истакнувајќи дека ќе максимално ќе се ангажираме за подобрување на квалитетот на овој процес“, истакна министерот Шаќири.