ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шекеринска: Ако некој сакал да води бизнис, тој и ќе се случел, целта на Владата е што побрзо да обезбеди вакцини

March 12, 2021 20:40
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска во интервју за емисијата „Трилинг“ на телевизија 24 Вести ги отфрли шпекулациите дека Владата отворила офшор фирма за набавка на вакцини.

Таа нагласи дела „ако некој сакал да води бизнис, тој и ќе се случел“, потенцирајќи дека целта на Владата била да ги искористи сите канали за да обезбеди што е можно побрзо вакцини.

– Навистина не знам од каде ви е информацијата дека Владата отворила офшор фирма. Се работи или за лага или за импровизација од неверојатни размери. Нашата цел беше да обезбедиме вакцини час поскоро и во моментот кога стана јасно дека Ковакс механизмот потфрли, заради тоа што побарувачката во светот е преголема, а производството ограничено, кога стана јасно дека не можеме да се потпреме на тоа што беше договорено, ние рековме дека бараме од сите производители и од сите земји кои произведуваат вакцини, шанса да ја набавиме, рече Шекеринска.

Водејќи се од тоа дека со вакцините не треба да се води политика, Владата, рече Шекеринска, потпиша договор за набавка на вакцини од западно производство, како што е „Фајзер“, но истото го направи и за кинеските и руските вакцини.

– Сите оние коишто дојдоа и рекоа можеме да ги обезбедиме, сакавме да најдеме шанса што е можно порано да ја имаме вакцината, нагласи Шекеринска.

За капарот што бил даден за кинеската вакцина, кој потоа беше вратен, Шекеринска рече дека ниту една вакцина не може да се добие ако претходно не биде платена.

– Причината поради која САД денес имаат многу повеќе вакцини од, на пример ЕУ, е заради тоа што веднаш направија нарачки и платија за вакцините пред тие и да бидат произведени. И затоа апсолутно голем дел од земјите се во избор дали да влезат и да платат или ако не платат нема да добијат вакцини. Така што, ние дури после кога ја имавме дополнителната можност да одиме и директно со кинеската фирма од којашто, колку што се сеќавам во прв момент немаше никаква повратна информација, го склучивме и тој договор и ќе добиевме таква вакцина. Но, ова покажува колку е ризично кога брзате затоа што тогаш ќе бидете обвинети дека сте влегле во ризик, рече Шекеринска, оградувајќи се да навлегува во детали оти како што рече таа е министер за одбрана, а прашањата треба да се упатат до другите министри или премиерот.

Таа потенцира дека биле искористени сите канали за да се набават вакцини оти ситуацијата е таква што не може да се чека, туку мора да се бара опција.

Околу набавката на руска вакцина, Шекеринска рече дека уште на самиот почеток Владата кажала оти со вакцините нема да тера политика.

– Ќе се трудиме да набавиме вакцини ама ќе се трудиме и да го почитуваме законот. Вие знаете какви се нашите закони и знаете дека за да внесете одредени апарати треба да одите низ процедура и на нивно одобрување и на нивно тестирање и јасно е дека и светот ги забрза тие процедури, но ние не можеме да ги прескокнеме тие процедури. Затоа мислам дека наместо фокусот да ни биде да најдеме најдобро, најбрзо и најсигурно, мислам дека сега притисокот којшто се врши врз различни луѓе кои ќе носат одлуки е дека што и да направат ќе бидат под критика на јавноста, смета Шекеринска.

Таа потенцира дека набавката со вакцини е светски проблем и оти не треба да се очекува дека Северна Македонија со помалку од два милиони жители да добие некаква предност во снабдувањето со вакцини во однос на држави десетпати поголеми од нас.

Министерката за одбрана не смета дека треба да се бара кривична одговорност околу набавката на кинеската вакцина од „Синофарм“.

– За што да се бара кривична одговорност?! Дали се дадени пари? Ако интересот бил бизнис, тој ќе се случел. Или сега треба некој, или Владата или поединци да бидат виновни затоа што се труделе да чукнат на различни врати, да побараат и да донесат и да обезбедат вакцини. Ако има каков било сомнеж или доказ дајте да зборуваме за тоа. А ако нема, немојте една важна операција од којшто ни зависи економија, егзистенција и отвореност на нашите гаранции, да не ја фрламе во ѓубрето на меѓусебни обвинувања и вака фрлање на дезинформации или лаги со една леснотија, подвлече Шекеринска, потенцирајќи дека Владата биле отворена и транспарентна за време на пандемијата и околу набавките на вакцини. 

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Николоски: Сериозно се разговара со Велика Британија да бидат ослободени од визи три категории на граѓани

June 19, 2025

(ВИДЕО) Инцидент во Советот на Општина Кочани, повредена службеничка

June 19, 2025
Фото илустрација. Генерирано со ВИ

Американскиот напад врз Иран би донел ризици на секој чекор

June 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Од септември ќе има повторно покачување на пензиите, се уште не сме разговарале дали ќе биде линеарно или процентутално, вели Кочоска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистериозните древни луѓе сега имаат лице

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кинеска морнаричка вежба во близина на Јапонија предизвика загриженост и негодување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче ја разобличува авторитарната страна на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk