ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бочварски- Насев: После 70 години за прв пат градиме канализациона мрежа и пречистителна станица за населени места во Карбинци

March 13, 2021 13:07
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за транспорт и врски инвестира преку 25 милиони денари за изградба на две пречистителни станици и канализациона мрежа во населените места Нов Караорман и Козјак во општина Карбинци. Со овие инвестиции кои за прв пат се реализираат во општината го подигнуваме квалтетот на живеење во овие места и инвестираме во заштита на животната средина, истакна министерот Благој Бочварски при денешната работна посета на општина Карбинци.

Министерот Бочварски заедно со градоначаланикот на општина Карбинци, Јордан Насев извршија увид во изградба на пречистителна станица и канализациона мрежа во населеното место Нов Караорман.

Со проектот се предвидува изградба на канализациона мрежа од 1600 метри со пречистителна станица, каде отпадните води од насленото место Нов Караорман ќе се собираат и ќе се пречистуваат.

„До сега во ова населено место никогаш немало канализационен систем, а овде живееат граѓани но работат и индустриски капацитети. Ова е прашање кое го решивме многу брзо заедно со градоначалникот. До сега околу 80 проценти е реализиран овој проект и многу скоро очекувам да биде завршен.

Паралелно со ова, завршуваме со изградбата на канализационен систем исто така од овој тип за населеното место Козјак и верувам дека со овие два проекти значително го подобруваме животот во овие населени места, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Со поддршката на централната власт преку вакви инвестиции, општина Карбинци  целосно го решава прашањето со комуналната мрежа, истакна грдоначалникот на општина Карбинци, Јордан Насев.

„Со изградбата на овој канализационен систем се решава проблемот за околу 20 семејства и десетина индустриски капацитети кои речиси 70 години немаат канализациона мрежа од кога населбата е изградена. Со оглед дека пречистените води ќе се испуштат во река Брегалница,  со оваа инвестиција влијаеме врз заштита на животната средина. Слични проекти веќе завршивме во неколку други населени места, истакна Јордан Насев градоначалник на општина Карбицни.

Министерот Бочварски упати уште еден апел до општините за забрзување на проектите  како и комуникацијата со централната власт заради решавање на локалните инфраструктурни прашања со кои се подобруваат условите за  живеење на граѓаните.

Next Post

Вицепремиерот Димитров позитивен на коронавирус

НАЈНОВО

МИА

Даме Димитровски избран за претседател на Советот на Град Скопје

November 7, 2025
МИА

Ѓорѓиевски: Со Градскиот воз, БРТ системот и ЈСП скопјани конечно ќе добијат ефикасен јавен транспорт

November 7, 2025

Берлин го повика Пјонгјанг веднаш да ги запре незаконските ракетни тестови

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО и ФОТО) Спектакуларно започна ПР претставата „72 часа чисто Скопје“, во присуство на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk