Северна Македонија вложува во меѓународните проекти Терминал на течен природен гас Александропулос и Гасна централа Александропулос, се наведува во објавата на Фејсбук од премиерот Заев.
Заев информира дека на 53-тата седница, е усвоена потребата за потпишување меморандуми за соработка за овие два проекти. Станува збор за соработка помеѓу „НЕР АД“ Скопје и „Копелозу Груп“ и помеѓу „АД ЕСМ“ и „Гастрејд С.А.“ за закуп на капацитет во ЛНГ Терминалот, како и помеѓу „АД ЕСМ“ и „ДАМКО ЕНЕРЏИ С.А.“ за стекнување на 25% удел во „Александрополис Електрисити Продукшн С.А.“.
Нагласува дека повеќе нема да бидеме краен корисник на природен гас од само еден извор, туку Северна Македонија ќе биде важна транзитна рута за природен гас во цела Југоисточна Европа преку новите гасоводни интерконекции со нашите соседи.