Никола Бабовски, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во изјава за „360 степени“ потврди дека при нивните контроли во млекарницата „Евро Млекара“ ДООЕЛ Скопје се запленети речиси 4,5 тони путер.
„Точно е дека се запленети речиси 4,5 тони, поточно нешто повеќе од 4,3 тони путер со поминат рок, но повеќе детали ќе кажеме во текот на утрешниот ден“. изјавил Бабовски за „360 степени“.
Вчера, вицепремиерот Љупчо Николовски на Фејсбук објави дека во акција на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) кај операторот Евро Млекара ДООЕЛ Скопје, се пронајдени и запленети 4.5 тони путер, кој имал важност до 2019 година.
„Производот е затекнат во продажба без декларација, и од страна на АХВ веднаш е повлечен од пазарот. Заштитата на граѓаните и нивното здравје се на прво место. Повикувам на целосна истрага и одговорност!“, напиша Николовски.