Патеката на кејот кај местото каде требаше да се гради Панорамското тркало, е ослободена и реконструирана.
„Потегот на кејот на Вардар што скоро осум години не беше прооден за пешаци и за велосипедисти поради градежните работи и натрупаниот градежен материјал поради изградбата на „Панорамското тркало“, е пробиен и реконструиран“, објави на Фејсбук градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.
Тој нагласи дека оваа делница од кејот е конечно ослободена и граѓаните може непречено да ја користат обновената пешачко велосипедска патека на овој потег на кејот на Вардар.
J. Ѓ.











