ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЈО потврди, сознанијата од АНБ дека Камчев сакал да бега се основа за притворот

March 14, 2021 21:15
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Орце Камчев со лисици на рацете, приведен во судот, 14 март 2021

Орце Камчев со лисици на рацете, приведен во судот, 14 март 2021

Share on FacebookShare on Twitter

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија попладнево потврди дека врз основа на сознанијата од Агенцијата за национална безбедност дека Јордан Камчев се подготвува за бегство, е побаран притвор од 30 дена за него.

– Денеска во утринските часови, врз основа на сознанијата на Агенцијата за национална безбедност дека Јордан Камчев се подготвува за бегство, Министерството за внатрешни работи го лиши од слобода. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во рамките на своите надлежности до Основниот кривичен суд – Скопје достави Предлог за определување на мерка притвор. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена, се наведува во соопштението.

Камчев е еден од шесттемина осомничени лица за кои во октомври минатата година Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка заради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело – Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 од Кривичниот законик.

Поранешниот премиер Никола Груевски, како што појаснуваат извори од ЈО, незаконски присвоил најмалку 1,3 милиони евра од донациите за ВМРО-ДПМНЕ додека бил претседател на партијата и со тие пари купувал плацеви на Водно. На Груевски, во перењето на нелегално стекнатите пари му помагале Мијалков и Камчев кои се второосомничени и четвртоосомничени. Третоосомничен е Ристо Новачевски.

Според истрагата, Груевски во периодот од 2006 до 2012 година ги примил лично дел од донациите за финансирање на партијата и не ги прикажал како примени донации во финансиските извештаи на партијата со што присвоил најмалку 1.300.360 евра или 79.972.140,00 денари. Во периодот од октомври 2012 до септември 2013 година тие пари ги пуштил во оптек купувајќи градежно земјиште на Водно преку фирма-ќерка на фирма од Белизе. Управител на оваа фирма бил кумот Новачевски. Парите од донациите биле префрлени на сметката на фирмата -ќерка по што потоа Новачевски со тие пари им плаќал на сопствениците на земјиштето со цел да се сокрие изворот и вистинскиот сопственик на земјиштето со вкупна површина од 11 илјади метри квадратни.

Во купувањето плацеви на Водно биле вклучени и мајката на Орце, Ратка Камчева и Ненад Јосифовиќ.

извор: МИА

Next Post

Граѓаните помудри од некои политички партии, погледнете ја видео анкетата на Цивил во Гостивар

НАЈНОВО

Д-р Трајановски: Ќе поднесам оставка ако не ги започнам трите клучни проекти во првата година, дали Митески е спремен да го вети тоа

October 27, 2025

Герасимовски: Немаат понуда, ќе победиме и покрај лагите и притисоците

October 27, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

ФК Аеродром: „Го осудуваме насилството во Слупчане, фудбалот мора да остане спорт на фер-плејот“

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk