ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

За два дена од полицискиот час, затворени се „Интермецо“, „Три кичен“, стриптиз бар во селото Крушопек и уште два други објекти

March 14, 2021 13:01
in ДЕНЕС, КРИМИНАЛ
Фото: ДПИ

Фото: ДПИ

Share on FacebookShare on Twitter

Во изминатите две деноноќија затворени се пет правни субјекти, три во Скопје, од кои една игротека во која беше затечена роденденска прослава и два угостителски објекти каде беше затечена состојба спротивно од Законот за заштита на населението од заразни болести. Во истите беа затекнати голем број на гости кои не седеа по четворица на маса, послужување на пијалаци на шанк, играње и групирање спротивно на Одлуката, изјави за МИА Александра Котели од Државниот пазарен инспекторат.

Таа додаде дека е затворен еден објект во Тетово каде со асистенција со припадници на МВР била прекината свадбена прослава на која биле затечени 50 гости, како и уште два субјекти кои се нерегистрирани во Скопје и кај истите е затечено прекршување како и на Законот за заштита на населението од заразни болести, протоколите така и Законот за вршење на нерегистрирана дејност.

– Во едниот од нив е затечена музика со бенд, а кај другиот зголемен број на гости. Кај сите субјекти е постапено на начин што истите се затворени привремено и издадени се прекршочни платни налози. Постапките се во тек, додаде Котели.

Таа појасни дека се извршени повеќе контроли на ниво на територијата на целата држава, при што се извршени шест постапувања поради прекршување на Одлуката на Владата на РСМ со сите измени од Јануари 2021 год, како и Законот за заштита на населението од заразни болести.

Преходно медиумите објавија дека дел од затворените објекти се стриптиз бар во селото Крушопек, угостителски објект  во ТЦ „Мавровка“, како и локалите „Интермецо“ и „Три кичен“.

Next Post
Фото: Снимка од екран од Nomad Capitalist

„Nomad Capitalist“ ја вбројува Македонија како една од најсилните „економии со слободен пазар“

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk