ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Царовска: Натпреварите по претприемништво ги поттикнуваат учениците да ги преточуваат знаењата во идеја и акција

March 15, 2021 12:41
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Развојот на претприемачките вештини кај младите луѓе е и ќе продолжи да биде еден од приоритетите на образовните политики кои ги креираме во моментов и кои ќе се имплементираат во периодот пред нас. Со новата концепција за основно образование која е неодамна усвоена, за прв пат се воспоставуваат 8 национални стандарди со кои се определуваат компетенциите што треба да ги стекнат учениците во текот на основното образование, меѓу кои, еден од стандардите е токму претприемништвото. Што значи, учениците ќе треба да поседуваат одредени познавања и вештини од областа на претприемништвото во моментот кога ќе излезат од деветтолетката.

Ова го истакна министерката за образование и наука на денешниот завршен настан за прогласување на победниците во рамки на Кампот на иновации – ученички натпревар по претприемачки вештини кој веќе неколку години го организира Џуниор Ачивмент организацијата.

 

„Интенцијата е да создадеме што повеќе ученици, како учениците кои се денес присутни овде на овој натпревар и кои покажуваат исклучително голем интерес кон претприемништвото, препознавајќи ја моќта на претприемничките вештини за личен успех и просперитет“, рече Царовска, додавајќи дека се работи за вештини кои се препознатливи и многу вреднувани на пазарот на трудот.

 

„Денес преку 100тина ученици се во исчекување да го слушнат своето име меѓу победниците на овој виртуелен натпревар. Јас ќе речам дека сите сте вие победници, со самото тоа што сте изразиле желба да го покажете своето знаење и сте се пријавиле да учествувате на ова големо натпреварување. Вие сте пример кој како институционални раководители многу го цениме, затоа што во вас ја гледаме иднината на државата и токму затоа работиме во насока да изградиме што повеќе вакви деца и што повеќе вакви примери за луѓе кои во раната младост, уште во тинејџерските денови го стекнале она што е неопходно за да се успее по формализација на процесот на образование“, рече Царовска, посакувајќи им успех на сите учесници на натпреварот и советувајќи ги стекнатото знаење да продолжат да го надградуваат, но и да го преточат во идеја и акција.

 

Министерката изрази благодарност до менаџментот на Џуниор Ачивмент што со организирањето на овој натпревар, даваат придонес кон развојот на претприемничкото образование во земјата и како што рече, очекува и во следните години организацијата да продолжи да учествува во подготовката на младите и развојот на нивните претприемачки вештини.

 

На прогласувањето на победниците на натпреварот, кој поради пандемијата оваа година се одржа по виртуелен пат, се обратија и Љупка Панчевска, директорка на Џуниор Ачивмент во Северна Македонија, амбасадорката на САД во Скопје Кејт Мари Брнз и Коста Петров, директор на Фондот за иновации и технолошки развој.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Средба на генералните секретари на македонскиот и азербејџанскиот парламент

June 19, 2025
Фото: СОЗР

По седум години повторно се отвора комплексот „Македонско село“

June 19, 2025

Македонски државјанин ќе биде екстрадиран од Грција во Германија, бил баран со потерница за грабеж и убиство

June 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скриншот

    Шварценегер: Имигрантите во САД се гости

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога премиер тужи новинар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „ЕИУ“: Копенхаген е најдобриот град за живот на светско ниво

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов израелски напад врз Техеран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новиот „Ајфон“ со преклоп би можел да чини 1.800 до 2.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk