ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Франција ја прекинува вакцинацијата со АстраЗенека на 24 часа, во очекување на мислењето на Европската агенција за лекови

March 15, 2021 16:59
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Франција ја прекинува вакцинацијата со АстраЗенека на 24 часа, во очекување на мислењето на Европската агенција за лекови. Париз на тој начин се усогласува со неколку свои европски соседи како Германија, Италија, Данска, Ирска и Холандија, јави дописникот на МИА.

Германија ја суспендира употребата на вакцината Ковид-19 од англо-шведската лабораторија „АстраЗенека“ „како превентивна мерка“ по пријавувањето на несаканите ефекти, објави во понеделникот Министерството за здравство.

Медицинскиот институт Пол-Ерлих, кој ја советува владата, „верува дека други испитувања(се) неопходни“ по случаи на згрутчување на крвта кај луѓе вакцинирани во Европа, изјави портпарол на Министерството, додека повеќе земји веќе презедоа таков чекор. Оваа одлука за суспензија доаѓа „по нови информации во врска со тромбоза на церебрални вени во врска со вакцинација во Германија и Европа“, според истиот извор.

Европската агенција за лекови (ЕМА) „ќе одлучи дали и како новите знаења (за овие несакани ефекти) влијае на одобрувањето на вакцината“, додаде портпаролот. За една недела, неколку земји ја прекинаа вакцинацијата со АстраЗенека по сериозни проблеми со крвта кај вакцинираните.

Во Франција, околу 60 пожарникари во Буш-ди-Рон минатата недела ја примија првата доза на вакцина АстраЗенека. Но тие ја прекинаа вакцинацијата на нивниот персонал против Ковид-19 по појавата на несакани ефекти кај еден пожарникар.

-Како претпазливост, ја суспендиравме втората инјекција на вакцината АстраЗенека, изјави за француските медиуми портпарол на Секторот за противпожарна и спасувачка служба (Сдис) од Буш-ди-Рона. Имено, пожарникар од Арл (90 км западно од Марсеј), чија старост не е прецизирана, по првата инјекција беше хоспитализиран со срцева аритмија.

Според извор запознат со случајот, оваа одлука се однесува само на пожарникарите во департманот Буш-ди-Рона. Пожарникарот во Арл, кој разви аритмија откако беше вакциниран на 8 март, „се чувствува многу подобро“ во. Во јавните центри за вакцинација каде што работат со населението, пожарникарите ја користат вакцината од компаниите Фајзер/Бионтек.

Вакцината на АстраЗенека е една од четирите вакцини кои во моментов се одобрени во Франција за борба против епидемијата со Ковид-19. Скоро десетина земји ја прекинаа нејзината употреба како претпазливост откако објавија „можни“, но неповрзани несакани ефекти во оваа фаза. Вакцината против Ковид-19 развиена од АстраЗенека со британскиот универзитет во Оксфорд е безбедна, уверува производителот, додека Светската здравствена организација (СЗО) вели дека „нема причина да не се користи“ оваа вакцина.

Next Post

Битиќи и претседателката на ССК Арсовска ја претставија електронската платформа за туризам

НАЈНОВО

Орце и Мицкоски Скопје „72 часа чисто Скопје“

„Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

November 6, 2025

Рокас до Мицкоски: ЕУ е на ваша страна во овој процес, но одговорноста е ваша

November 6, 2025

Мицкоски за Извештајот од ЕК: Остануваме целосно посветени на европскиот пат

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk