ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Луди, збунети, притворени и пребегани

March 15, 2021 09:08
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Спроведување на Камчев во притвор. Фото: МИА

Спроведување на Камчев во притвор. Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ / ЦИВИЛ 

Навистина не изгледа како добра одбранбена стратегија за свој главен адвокат г. Орце Камчев да го ангажира претседателот на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, адвокатот Тони Менкиноски, во предмет во кој партијата на Менкиновски наводно е оштетена со 1,3 милиони евра, пари наводно украдени од донации за партијата, а кои партијата не си ги бара од осомничените за наводната кражба, на чело со некогашниот претседател на партијата, прво-осомничениот во овој случај Никола Груевски, а во кој спор г. Менкиноски го брани четврто-осомничениот Камчев?!

Понатаму: Партијата ВМРО-ДПМНЕ, на која наводно ѝ недостасуваат овие милионски суми во партиската каса, одржува блиски врски со, во случајов, прво-осомничениот (и пребеган) Груевски; за второ-осомничениот Мијалков слави што е во притвор; а на четврто-осомничениот Камчев му го става на располагање својот претседател на партиската Правна комисија за да го брани заради пари што наводно недостасуваат од партиската каса, а коишто се далеку поголеми од средствата со коишто четврто-осомничениот финансиски ја помагал партијата…

Понатаму: Бидејќи во преговорите со власта на ВМРО-ДПМНЕ, на чело со адвокатот Менкиновски и Антонио Милошоски, не им успеа да ги „укинат“ предметите од СЈО; и бидејќи, потоа, ни со аферата „Рекет“ не успеа да се сруши власта која го обезбеди продолжувањето на предметите на СЈО; сега тие предмети напредуваат во судските процеси и, можеби побавно од тоа што го очекува јавноста, се реализираат со пресуди за кои Судот смета дека се адекватни за секој од случаите.

Понатаму: Навистина би било интересно да се слушне образложението на шефот на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ на прашањето коешто, под точка Разно, белки ќе го постави некој од делегатите на партискиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ за тоа до каде е постапката за враќањето на 1,3 милиони евра донации во партијата кои наводно ги украле или овозможиле да се украдат шесте осомничени, од кои г. Менкиновски го брани четврто-осомничениот…

Понатаму: Зошто ВМРО-ДПМНЕ не излезе со партиско соопштение со кое силно би го поздравило притворот за г. Камчев во врска со случајот за кој е осомничен дека наводно учествувал во наводната кражба на нејзините партиски донации? Зошто во тоа непостоечко соопштение нема протест за спороста со која „Заев“ ја испорачува правдата во Македонија, па да предупредат и дека ќе побараат конфискација на имот на осомничените во висина од 1,3 милиони евра, доколку се потврди нивната вина со евентуални обвиненија и со евентуална пресуда?

Понатаму: И така натаму… Партија со раководство на луди, збунети, притворени и пребегани – некои во по неколку улоги истовремено.

А, притворањето на г. Камчев ќе биде предмет на шпекулации, правни полемики за надлежноста и појаснувања според кои правни членови е тоа сторено. Како што знаеме, г. Камчев е комплексна деловна и политичка личност, со компликувани интереси далеку зад границите на државава. Логична е претпоставката дека некој меѓународен контакт или комуникација на Камчев влегла во „радарот“ на АНБ на начин и со содржина што ја „активирало“ постапката за негово притворање. Впрочем, самиот Камчев ја активираше (тогашната) АНБ во аферата „Рекет“ со која се обиде да ја сруши власта во Македонија, што никому, тогаш, не му пречеше…

Навикнавме дека ништо со г. Камчев не е така како што изгледа. Ќе има Обвинителството уште многу работа за – ако сака – да ги докаже сомневањата и обвинувањата со кои го товарат. Може ли притворот да ги забрза тие постапки?


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

Next Post

Фаучи: Се надевам дека Трамп ќе ги повика приврзаниците да се вакцинираат

НАЈНОВО

Д-р Трајановски: Ќе поднесам оставка ако не ги започнам трите клучни проекти во првата година, дали Митески е спремен да го вети тоа

October 27, 2025

Герасимовски: Немаат понуда, ќе победиме и покрај лагите и притисоците

October 27, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

ФК Аеродром: „Го осудуваме насилството во Слупчане, фудбалот мора да остане спорт на фер-плејот“

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk