ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Менкиноски во одбрана на Камчев, враќа ли Мицкоски контрауслуга за помошта што тој и ВМРО-ДПМНЕ ја добиле од контроверзниот бизнисмен?

March 15, 2021 16:18
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На изненадување на многумина, вчера како бранител на Орце Камчев се појави Тони Менкиноски, претседател на правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ и еден од блиските соработници на Христијан Мицкоски. Секој има право сам да го одбере својот адвокат, секој адвокат може да одбере дали ќе застапува некој клиент или не, но оваа комбинација фрла ново светло пред се внатре во односите на ВМРО-ДПМНЕ.

Менкиноски е еден од главните преговарачи на ВМРО-ДПМНЕ во работните групи кои преговараа за носењето на Законот за јавно обвинителство, закон кој токму ВМРО-ДПМНЕ преку Менкиноски се обидуваше да го спречи преку апсурдни, честопати и контрадикторни. Некаде пред изборите се појави снимка од разговор меѓу Мицкоски и Зоран Милески Кичеец кој важеше за близок соработник на Камчев, каде на таа средба Мицкоски самиот вели дека се бори Законот за јавно обвинителство да не се донесе со цел да пропаднат предмети на СЈО.

„Инаку, таму не е решена работата да знаете. Затоа што овој закон, ако помине вака како што мислат да помине за јавно обвинителство, тој предмет не е завршен. Напротив. Да знаете. Единствен којшто се бори во моментов сум јас“ вели Мицкоски очигледно мислејќи на предметот „Империја“ каде обвинет е и Камчев. Во истиот разговор, Мицкоски му вели на Кичеец дека Камчев бил тој кој финансиски и помогнал на партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Денес претседателот на правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, Менкиновски е адвокат на Камчев во предмет кој не е „Империја“ туку во предметот кој се однесува на купување плацеви на Водно од страна на поранешниот премиер а сега осуден криминалец во бегство, Никола Груевски, каде тој е првоосомничен, а второосомничен Сашо Мијалков. Според истрагата за овој предмет, Груевски дел од донациите за финансирање на партијата ги примал лично и не ги прикажувал во завршните сметки и финансиските извештаи на партијата. На тој начин собрал вкупна сума од околу еден милион и 300 илјади евра, пари со кои во периодот од есента 2012 до есента 2013 година Груевски купува градежно земјиште на Водно, преку фирма која е фирма ќерка на фирма од Белизе а истата е управувана од неговиот кум Новачевски. Со назначувањето на Менкиноски за бранител на Камчев отворено се поставуваат прашањата, дали врвот на ВМРО-ДПМНЕ а особено Мицкоски ова го прават како контра-услуга за помошта на Камчев кон партијата или можеби станува збор за претпазливост на Мицкоски за тоа што се би можел Камчев да каже во текот на истрагата?

Д. Е.

Next Post

Царовска: Со образованието поставуваме основи за интеркултурност, родова рамноправност и инклузивност

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk