ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МОЗАИК

Царовска: Со образованието поставуваме основи за интеркултурност, родова рамноправност и инклузивност

March 15, 2021 16:36
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Уште од најмала возраст момчињата и девојчињата ги насочуваме кон родова непрамноправност и улогата на мажот ја поставуваме поинаку од онаа на жената. Основите на сé што понатаму ни се случува се во основното образование.

Сите стереотипи против кои со години се бориме со законски решенија и акциски планови и стратегии, постојат како стереотипи и дискриминација и во учебниците и во наставните програми, и во континуитет продолжуваме да ги едуцираме нашите ученици на дискриминација, на нетолеранција, на родова нерамноправност, рече министерката Мила Царовска на промоцијата на Студијата за жените во Република Северна Македонија 2020/2021, сеопфатно истражување на Фондацијата „Фридрих Еберт“, со национален репрезентативен примерок од 1066 испитаници. Истражувањето имаше за цел да ја измери, опише и објасни позиционираноста на женската популација во однос на општеството, семејството, вредностите, образованието, вработувањето политиката, безбедноста и грижата за здравјето.

„Токму затоа, меѓу првите активности што ги имавме во министерството, беше и новата Концепција за основно образование. Концепцијата е дел од  владината програма, но сега не се занимававме само со пристапот на учење што ќе го имаат учениците, туку и за прв пат во концепцијата поставивме три основни постулати на кои мора да се заснова образованието. И многу често ќе видите во јавноста се дискутира – а зошто е потребно во Концепцијата за основно образование во првите страници да има интеркултурност, родова рамноправност и инклузивност.

Одговорот е – затоа што многу години заборавивме дека залудно што државата ја има ратификувано Истанбулската конвенција и е донесен Закон за недискриминација, залудно сите други напори, кога во основното образование постапуваме целосно спротивно од европските и светските стандарди коишто треба да ги имаме и кај нас“, нагласи Царовска.

Очекувањата од новата Концепција за основно образование се, веќе да не се случува по граѓанско образование да се учи што е родова рамноправност, или за улогата на жената, или што е демократија, а по мајчин јазик децата да учат дека местото на жената е во кујната и дека таа повеќе треба да се грижи за децата.

За учебниците, министерката Царовска рече дека дел се повлекуваат, но тоа е покажување политичка волја дека работите треба да се менуваат.

„Системското решение е објавено на ЕНЕР, новиот закон за дидактички материјали и учебници, кадешто се поставуваат филтри и кадешто задолжително се поставува и експерт по човекови права и недискриминација, којшто има работно искуство од десет години, за да не се случуваат вакви превиди како досега“, истакна Царовска.

Говорејќи за активноста на жените во политиката, министерката Царовска рече дека не само партиите, туку и системот треба да ги поддржи жените за да можат да бидат политички активни.

„Политичките партии треба да поставуваат мерит системи во изборот кои жени се поддржуваат и одат напред и добиваат функции, но исто така и во делот на баланс семејство-работа. Задолжително треба да се направат механизми на поддршка на жените коишто сакаат да бидат активни, но од различни причини не можат.  Ако системот не нуди поддршка, не само партиите коишто сакаат да ги поддржат жените туку треба да имаме услуги на локално ниво, училишта коишто се отворени во подолг период, градинките исто така да имаат смени, за да може сите подеднакво да вложат во својата кариера и да се развиваат“, укажа Царовска.

Next Post

Германија ја прекинува употребата на вакцината на АстраЗенека

Shortcut

Најново

Резервисти, Арачиново, јуни 2001 година (фото извор: Википедија)

Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

August 16, 2026

Дерала во Voxeurop: Кога правосудството станува оружје, цената ја плаќа целата држава

August 16, 2026
Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk