ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

На Дрисла ќе бидат уништени 4.325 килограми небезбеден путер со изминат рок

March 15, 2021 13:47
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На депонијата Дрисла денеска ќе бидат уништени 4.325 килограми небезбеден путер со изминат рок кој го увезла млекарницата „Евро Млекара“ ДООЕЛ Скопје. Станува збор за количина која во рамки на двонеделната инспекцика контрола беше запленета од страна на официјален ветеринар од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) како дел од 20 тонски увоз што го реализирала компанијата.

Како што соопшти директорот на АХВ, Николче Бабовски, контролите утврдиле дека „Евро Млекара“ манипулирала со документацијата за увоз и за складирање на производот, а путерот го чувала во неодобрени објекти – ладилници за складирање храна од животинско потекло.

Путерот бил увезен од Турција, а не од Германија. Во приложената документација, со двонеделните контроли е утврдено дека манипулации се правеле и со потеклото на овој производ и со излезните фактури. Се наведувало дека путерот е дистрибуиран кај добавувач во Струга иако всушност за наведените количини подоцна од раководните лица од млекарницата било потврдено дека не се дистрибуирани, туку се складирани во магацинот на млекарницата.

-Операторот „Евро Млекара“ ДООЕЛ Скопје не е одобрен за солење путер, а реализираниот увоз се однесува на несолен путер. Увезениот свеж путер, мора да се продава како свеж и не смее да се замрзнува по складови и ладилници на – 18 степени целзиусови. Контролите во комората за готов производ на млекарницата почнале на почетокот на месецов откако претходно била вратена од промет една канта солен путер од пет килограми. Со контролата биле пронајдени уште 17 канти од по пет килограми солен путер, сите без декларација. Донесено е решение со кое путерот е прогласен за небезбедна храна и на операторот му е наложено да ги уништи на јавна депонија, што е направено од нивна страна веднаш, објасни Бабовски.

Според него, од спроведената контрола на следливоста на путерот првично е утврдено дека станува збор за увоз од Република Германија, но од декларациите е констатирано дека има различни датуми на призводство и различни датуми на рок на траење за ист лот.

-Со дополнителна контрола утврдена е манипулација со излезните фактури во кои било наведено дека се дистрибуираат канти со путер од 25, а не од по пет килограми. Поради ова, од страна на официланиот ветеринар е издадено решение за итно отповикување и повлекување на блоковите путер и наредено е веднаш да се стопира продажбата и путерот да се врати во млекарницата. За сторениот прекршок на операторот му се се изрече глоба од 1.500 евра во денарска противвредност поради немање соодветна процедура за следливост. Висината на глобата е одмерена согласно Законот за прекршоците. На  11.03.2021 е утврдено дека доставената документација за увоз на путереот се разликува од првично доставената, односно дека путерот е увезен од Република Турција, а не од Германија, истакна директорот на АХВ.

Несовпаѓања, рече, се утврдени и во датумот на производоство и рокот на употреба на производот.

-Со манипулацијата со излезните фактури е утврдено дека една од седумте излезни фактури е фиктивна, односно количината наведена во него воопшто не е пласирана кај оператор со храна во Струга. Вкупно 168 блока путер од по 25 килограми според директорот за производство биле однесени во објект Тетово, а уште пет блока со путер биле сместени во објект во Гостивар. При деталната контрола на фактурите, констатоирано е совпаѓање на килажата со вклупно увезената количнина од 20.000 килограми. На 13.03.2021 година овие колични путер се вратени во млекарницата на „Евро Млекара“ ДООЕЛ Скопје. При истоварот е утврдено дека на кутиите се гледа дека првичните декларации се одлепени и се ставени нови декларации кои не се комплетни и со кои е продолжен рокот на употреба на путерот до 25.06.2021 година, потенцира Бабовски.

На една од кутиите, пак, додаде, бил залепен лист на кој пишува „путер султаш“ 23.10.20.

Целокупната вратена количнина путер била во замрзната форма (замрзнат путер), а бидејќи надлежните од млекарницата не дале информација за тоа каде и како е замрзнат путерот, овие количини се поништени како небезбедни.

-Контролите од страна на АХВ продолжуваат и во наредниот период на повеќе млечни производи од различни домашни и странски млекарници што се продаваат на македонскиот пазар. АХВ ќе постапи неселективно и во рамките на своите надлежности кон сите што ги прекршиле законските одредби за продажба на производи, подвлече директорот.

Случајот пред неколку дена го обелодени вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски преку статус на својот фејсбук профил.

извор: МИА

Next Post

Конкурс на МИМ „Новинарски награди 2020 Никола Младенов“

НАЈНОВО

Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025

Герасимовски: Во недела заеднички да ја потврдиме победата

October 31, 2025

Мицкоски до гласачите на СДСМ: Заокружете го бројот 9 за да почне катарза во вашата партија

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како дојде до укинување на санкциите кон Додик: Кој сѐ и зошто лобираше за него во САД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Делови од Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош денеска без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk