ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Работна средба на ОПМ за подобрување на финансиските услуги за потрошувачите

March 15, 2021 14:10
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) по повод 15 март, Светски ден на правата на потрошувачите, денеска организираше онлајн работна средба со цел да се подобрат финансиски услуги за потрошувачите.

На средбата, како што соопшти Организацијата на потрошувачите, имаше повеќе од 66 учесници од министерствата за финансии и за економија, Народната банка, Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Македонската банкарска асоцијација, како и даватели на финансиски услуги: банки, штедилници, осигурителни компании, брокерски куќи и други институции кои работат во делот на пружање финансиски услуги.

Овие активности на ОПМ се поддржани од страна на ЕУ преку Европската организација за заштита на потрошувачите – BEUCи проектот „Empowering financial services consumers and representing their interests“ (Унпредување на финансиските услуги наменети за потрошувачите и претставување на нивните интереси)

На средбата беа презентирани кредитни калкулатори, кои беа изработени од страна на ОПМ со цел да им помогнат на потрошувачите да донесат информиран избор при земање кредит, предвремено отплаќање на кредит или при одлучување дали да го искористат дозволеното пречекорување на трансакциска сметка или картичка.

При изработката на калкулаторите тргнавме од прашања кои се од значење за потрошувачите, како на пример: од што зависи висината на средствата што ќе ги одобри банката, висината на месечната рата, времето на отплата, како и висината на каматата. Ги едуцираме потрошувачите пред да се одлучат да земат кредит да направат сопствена пресметка по следниот редослед: да ја утврдат месечната рата која можат да си ја дозволат врз основа на месечните приходи и трошоци со напомена дека месечната рата не треба да надминува 30 проценти од вкупните месечни приходи и да размислат за времето на отплата на кредитот. Кога ќе одлучат за параметрите кои се за нив карактеристични можат да ги внесат во соодветните полиња на калкулаторот и да се одлучат за кредит кој е за нив најповолен, посочија од ОПМ.

На средбата беа претставени претстојните активности согласно воспоставената соработка со Народната банка, Македонската банкарска асоцијација и Агенцијата за супервизија на осигурување.

Користење на калкулаторите овозможува компаративна анализа со цел потрошувачите да дојдат до најповолно решение, а притоа истите да не бидат комплицирани за употреба. Калкулаторите треба да бидат дел од стратешката ориентираност кон поголема едукација на потрошувачите при користење на финансиски услуги, истакнуваат од ОПМ.

На работната средба беа презентирани и две брошури со цел на потрошувачите да им помогнат во правилен избор на потрошувачки или хипотекарен кредит, Калкулаторите и брошурите се поставени на веб страната на ОПМ, www.opm.org.mk

На средбата беше претставена и анализата на правната рамка и институционалните форми за заштита на потрошувачите кај одредени финансиски услуги, со заклучоци и конкретни предлози за унапредување на односот кон потрошувачите корисници на финансиските услуги, стои во соопштението.

извор: МИА

Next Post

Бочварски: Распишан е нов јавен повик за реконструкција на 35 локални улици во 21 општина со вредност од околку 7 милиони евра

НАЈНОВО

Фото: Wikimedia Commons

Барак Обама ќе ги предводи предизборните митинзи на демократите за гувернери во Вирџинија и Њу Џерси

November 1, 2025
Фотомонтажа Фронтлајн и Анаис

ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

November 1, 2025
Фото: МВР Србија

Една година од трагедијата во Нови Сад: Со 16-минутна тишина оддадена почит на загинатите

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kога вештачката интелигенција станува режисер: Видео револуцијата со Sora и Gemini

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk