ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Судењето за „Ласкарци“ продолжува на 23 март, денеска беше испрашуван сопственикот на „Дурмо Турс“

March 15, 2021 14:59
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Со директно испрашување на сопственикот на „Дурмо Турс“, кој е првообвинет во предметот „Ласкарци“ од страна на одбраната, денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за автобуската несреќа што се случи на 13 февруари 2019 година во атарот на скопското село Ласкарци, во која загинаа 16 лица, а над 30 беа тешко повредени.

Пред да одговори на прашањата, упатени од неговиот бранител, Вељо Кадиев, првообвинетиот Дурмиш Белули, изрази сочувство за семејствата на загинатите и тешко повредените од сообраќајната незгода.

– Верувајте дека од тој ден јас сум многу потресен, душевно скршен, јас сум трауматизиран, не само јас, туку и целото мое семејство и моите најблиски. Тука загинаа моите гостиварчани, кои јас ги сметав како мои браќа, како мои сестри и како мои деца, изјави Дурмиш Белули.

Прашан колку време го познава и од кога е вработен во „Дурмо турс“ возачот  Маноил Трифуновски, кој е шетообвинет во овој случај, Белули одговори дека Трифуновски е дојден пред 10-тина години.

– Истиот и тогаш и сега се сметаше меѓу најдобрите возачи со големо искуство, но, за денот на несреќата, дали имал некои семејни проблеми, или здравствени проблеми, тоа не ми било познато, но, по 13 февруари 2019 година, дознавме дека истиот Маноил Трифуновски боледува од шеќерна болест и прима инсулин, тоа при телефонски разговор ми го потврди истиот Маноил, кажа првообвинетиот.

Прашан каде бил за време на случувањето на несреќата, Белули кажа дека тој ден со двајца пријатели од Гостивар, околу 13 часот, биле во Скопје, се задржале до 16 часот и потоа со негова кола се вратиле за Гостивар.

– По пат, односно помеѓу Тетово и Гостивар, на место викано Жеровјане, ми се јави возачот Џемал, кој плачеше на телефон и ми рече, цитирам: „Директоре направи сѐ што можеш, бидејќи колегата Маноил се превртел со автобус, има многу повредени па дури и жртви“, јас, нормално зачуден многу, успеав да го прашам само тоа „каде сте?“, истиот ми одговори дека е во Карпалак, веднаш со моите двајца пријатели, го свртев возилото и тргнав кон Скопје, односно кај местото на настанот, кажа првообвинетиот.

Тој потенцираше дека, второобвинетиот Ремзи Мифтари, два – три дена по сообраќајната незгода му обезбедил телефон преку сестрата на Маноил, при што успеал да разговара со Маноил Трифуновски.

– Во тој телефонски разговор помеѓу мене и лицето Маноил Трифуновски, исклучиво разговаравме во врска со сообраќајната незгода. Првично го прашав, како е со здравјето, истиот ми одговори дека е добар, но има болки. Го прашав и барав од него да го посетам, но, тој ми рече, не, затоа што го чуваат полицајци и е на некаков вид домашен притвор, кажа првообвинетиот.

Дополни дека го прашал Маноил Трифуновски што се случило, на што, како што кажа тој, Трифуновски му одговорил „Ништо не се сеќавам, тука рекол Господ да пукне земјата, загинаа толку луѓе, наши гостиварчани“.

По последната пауза рочиштето беше прекинато поради поднесок од Адвокатското друштво на „Бранко Кузмановски и партнери“, односно известување по повод решението на судот за отстранување од денешното рочиште на полномошникот Наташа Стефановска, стручен соработник во друштвото, поради претпазливост од евентуално ширење на вирусот Ковид – 19, при што оттаму известија дека бранителот на шестообвинетиот, адвокатот Љупчо Мицевски на 9 март 2021 година, на судско рочиште одржано во Основниот граѓански суд Скопје бил во контакт со адвокатот Тања Ивановска, од горенаведеното друштво, за која што е издадено решение за самоизолација.

Обвинетите Дурмиш Белули, сопственикот на „Дурмо турс”, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари, и возачот на автобусот Маноил Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.

Судењето за овој случај продолжува на 23 март 2021 година. Случајот го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Дарко Јакимовски.

извор: МИА

Next Post

Протетси во Австралија против сексуланото насилство и за половата нееднаквост

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025
генерирано со ВИ

Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk