Заев не е дојден како голтар во политика. Дојден е како човек кој е реномиран и афирмиран во бизнисот, изјави аналитичарот Ненад Јовановиќ на „Само вистина“ на Канал 5 на 23 јуни минатата година во гостување со Александар Пандов. Според него, ако му биле важни парите на Заев и таа молополизација во политичкиот простор, тој ќе беше ист како Груевски.
„Ќе оформеше политичка елита од 30 бабачковцки кои се неартикулирани, половина не знаат да зборуваат, да разберат контест каде се наоѓаат. Ќе ги држеше најбогатите луѓе како Орце Камчев, а да не заборавиме дека „Империја„ е антипод на „Рекет“. „Рекет“ е исконструиран, видовме кои се актерите, а од докменти видовме дека Зоран Заев нема никаква врска со „Рекет“, има писмен материјал, судски пресуди.. Значи тоа е пандан на „Империја“, да го штити Орце Камчев, главниот спознор на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Јовановиќ.
Според Форбс, Орце Камчев е еден од најбогатите бизнисмени – милионери на Балканот. Јовановиќ вели, ако Камчев е економски гениј, треба да го подучува народот а не да вее знамиња на ВМРО-ДПМНЕ на фотографии на социјални мрежи.
„Јас да ги имав парите на Орце Камчев, 200 милиони евра или колку и да се според Форбс, ќе едуцирав луѓе, ќе ѝм кажев како сум ги стекнал, а не он земал се слика вее знаме на ВМРО-ДПМНЕ. Ќе го винкеа на Кембриџ, на Оксфорд. Чекај мајсторе, па ти се гение, некој економски гение“, рече Јовановиќ.
Во земја која е на раб на сиромаштија, со огромни класни разлики, имаш 50 богати луѓе, друго сè е боранија, се појавува Орце Камчев и вика јас сум успешен фраер, вели Јовановиќ и прашува „како е тој успешен“?
Како што вели Јовановиќ, „Рекет“ е начинот на кој се штити главниот спонзор на ВМРО-ДПМНЕ.
И. Т. З.





