ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Од 54-та седница на Владата: Усвоена информацијата за реформа на фискалната децентрализација; Е-конзулат за побрза и поефикасна услуга за нашите во странство; Донесен Протокол за организирање и спроведување на државната матура

March 16, 2021 19:45
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На денешната 54-та седница Владата ја усвои информацијата на Министерството за финансии за реформа во насока на унапредување на процесот за фискална децентрализација.
Реформата на фискалната децентрализација се состои од низа мерки и активности кои се содржани во три столба – подобрување на фискалниот капацитет на општините, домаќинско работење и отплата и репрограмирање на долгови, како и зголемување на транспарентноста и отчетноста на општините.

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за проектот за дигитализација на конзуларните услуги во Дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во странство.

Дигитализацијата на конзуларните услуги во странство (Е-конзулат) се наметна како неопходна потреба заради модернизирање на работата на ДКП-ата, а со крајна цел овозможување на брзи, ефикасни и економски исплатливи услуги на нашите граѓани во странство, што особено дојде до израз за време на кризата предизвикана од КОВИД-19.

Е-конзулат предвидува дигитализaција на конзуларните услуги кои се даваат во Дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија, почнувајќи од постапката за аплицирање, он-лајн  плаќање, како и добивање на документите лично или по пошта. Со оваа платформа на македонските државјани кои живеат во странство ќе им се овозможи да дојдат до конзуларни услуги на полесен начин и за пократок временски период.

На денешната седница Владата го потврди заклучокот на КОВИД-19 штабот за дополнување на исклучоците од забраната за движење, со што странските државјани што имаат регулиран постојан престој во земјата и што влегуваат во земјата во период кога е активна забраната за движење, или кои излегле од земјата пред прогласувањето на ограничувањето на движењето, можат да се вратат во своите домови.

По одобрувањето на Комисијата за заразни болести, на денешната седница Владата го донесе Протоколот за постапување на средните училишта при реализација на испитите од државната матура за учебната 2020/2021 година.

Министрите во Владата денеска ја одобрија годишната програма за работа на Агенцијата за остварување на правата на заедниците за 2021 година, која претставува насока за работата на Агенцијата во функција на промоција и поддршка во остварувањето на правата на заедниците кои се помалку од 20% од населението во земјата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Зеленски: Следните разговори меѓу Русија и Украина се закажани за в среда во Турција

July 22, 2025

Откриено големо наоѓалиште на нафта и гас во близина на балтичкиот брег на Полска

July 22, 2025
Бујар Османи. Фото: Б. Јордановска

Бујар Османи за Чаир, Бајрам Реџепи за Тетово, ДУИ соопшти дел од кандидатите за градоначалници

July 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ќулавкова до Милошоски: Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија е „руски рулет“, македонскиот јазик е заштитен и со Преспанскиот договор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јачева-Улчар за предлогот од Милошоски: Потенцијална стапица под маската на европското решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филозофот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ССМ: Синдикална минимална кошница за јули изнесува 65.328 денари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk