Заев не е дојден како голтар во политика. Дојден е како човек кој е реномиран и афирмиран во бизнисот, изјави аналитичарот Ненад Јовановиќ. Според него, „Рекет“ е пандан на „Империја“ за да го штити Камчев, главниот спонзор на ВМРО-ДПМНЕ.
Големи се хипотеките на Мицкоски кон Камчев, затоа рипна да го брани со неговиот Менкиновски, велат од СДСМ. На виделина исплива она што јавноста многу добро го знае, спрегата на Христијан Мицкоски со тајкунот на режимот, осомничено лице сега во притвор, Орце Камчев.
Владата најостро ги отфрла грубите манипулации изнесени во написите на одредени портали и на прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ за наводен “скандал” дека додека граѓаните се казнувале, премиерот Заев се јавувал да се пропуштаат автомобили, при што наводно законите не важеле еднакво за сите.
Европската инвестициска банка (ЕИБ) ќе продолжи да инвестира во општествениот и економски развој на Република Северна Македонија со поддршка на проектите за побрзо закрепнување на економијата од последиците од пандемијата со КОВИД-19 со посебен фокус на малите и средни претпријатија, вели Премиерот Заев.
Продолжува процесот на попишување на дијаспората. Досега, преку електронската апликација попишани се над 60 илјади граѓани. Најмногу од Швајцарија, по што следуваат Германија и Италија. Помал е одѕивот во Канада и Австралија. Доаѓањето на попишувачот е побезбедно од одењето во продавница, рече Симовски.
Првиот вицепремиер Артан Груби во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 окри дека му се јавуваат луѓе кои му нудат вакцини, а таков пример е вели и денешниот каде луѓе од Германија му понудиле дури 5 милиони вакцини. Ова станува трговија веќе, што не е добро. Јас не верувам во нарачки надвор од официјалните процедури. Ова е глобална пандемија. Затоа, да почекаме уште малку и вакцини ќе има“, порача Груби.
За мене најважно и најгордо нешто беше тоа што, првата реченица во мојата биографија низ цел свет беше „Македонскиот баритон Васил Гавранлиев ја започна својата кариера на 7 години во својата родена земја…вели овогодинешниот претставник на Евровизија Гарванлиев после острите критики поради двојното државјанство.
Од појавата на првиот случај на ковид-19 во Македонија пред една година досега, 116 лица по вторпат се заразиле со вирусот.
М. Миткоска





