ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Прв јавен повик на ФИТР за дигитализација на земјоделството, буџетот е шест милиони денари

March 16, 2021 12:28
in TECH FRONT, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави прв јавен повик за дигитализација во земјоделството.

Буџетот е шест милиони денари за четири проекти, а средствата се заштедени од Програмата за рурален развој од која со години се одвојувал по еден процент.

Максимумот што секој корисник ќе може да го добие е еден и пол милион денари односно 90 проценти од висината на проектот што значи дека избраните апликанти ќе инвестираат само 10 проценти во реализацијата. Рокот за реализација на проектите е 12 месеци.

– Ги повикувам сите иновативни стартапи во земјава да се пријават. Се работи за иновативни стартапи кои имаат демо или некаков развиен продукт со кој ќе овозможат дигитализација на земјоделството. Очекуваме многу пријави, а по успехот на овој повик планираме да ја продолжиме соработката со Министерството за земјоделство, изјави директорот на ФИТР Коста Петров.

Според заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, примената на новите дигитални технологии ќе овозможи намалување на трошоците, подобар квалитет и поголема конкурентност на земјоделските производи.

– Ова е поттик да направиме еден поголем исчекор во дигитализацијата на земјоделството. Знаеме со какви климатски промени се соочуваме и затоа е потребно да се контролира влагата на почвата, воздухот и температурата, за да се направат применливи услови за одгледување на земјоделските култури и на добитокот. Верувам дека ова ќе поттикне и некои новитети, а тоа е да имаме поголемо производство во контролирани услови што значи да имаме производ 12 месеци, односно контиунитет во производството и снабдувањето на пазарот, рече Димковски.

Вели дека не се потребни големи средства за инвестиција, иако самиот поим „паметно земјоделство“ асоцира дека за примена на дигиталните технологии се потребни многу финансиски средства.

Повеќе информации за самиот повик може да се најдат на веб страницата на Фондот за иновации и технолошки развој, а рокот за доставување на апликациите е 16 април до 14 часот.

извор: МИА

Next Post

Стерјовски испиша историја со обраќањето на македонски јазик во албанскиот Парламент

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk