Колку девојки сонуваат за свиленкаста коса до задникот? Австралиската Рапунзел го живее својот сон.
22-годишна девојка од Австралија која на Инстаграм е позната како австралиската Рапунзел, поради косата долга еден метар, открива дека да се негува ваква коса е навистина тешко.
Русокосата со коса до задникот вели дека рутината за нега на нејзината коса е вистински кошмар.
Постојано ја чешла поради тоа што и се создаваат чворови, па нанесува масло на неа за да избегне пукање на влакната и често ја плете пред спиење за да не се создаде хаос додека се превртува во сон.
Спие на свилена навлака за да не ја оштети косата и троши многу пари на регенератор поради нејзината должина.
извор: црнобело.ком