ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бектеши на панел дискусија “Нееднаквост во време на корона“ : Државната поддршка преку ковид мерките за бизнисот и граѓаните дава резултати

March 17, 2021 14:23
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

При креирање на мерките за справување со негативните последици од пандемијата како Влада бевме во директна консултација со бизнис секторот. Поддршката која што досега ја дадовме беше насочена кон најпогодените компании и граѓани, кажа министерот за економија Крешник Бектеши на панел-дискусијата во рамки на Конференцијата за ефектите од пандемијата на КОВИД – 19 врз македонската економија која ја организираше Фондацијата за демократија на Вестминстер (ВФД) и Здружението на истражување и анализи (ЗМАИ).

„Денеска ми беше чест и задоволство да учествувам Конференцијата “Нееднаквост во време на корона” на која беа презентирани ефектите од мерките кои што ги превзема Владата за справување со последиците од пандемијата. Во услови кога целиот свет беше во криза успеавме да им помогнеме на компаниите да ја задржат својата ликвидност и да спречиме раст на невработеноста и во исто време да ги поддржиме најпогодените граѓани. Оваа анализа ќе ни помогне во креирање на мерки во иднина се со цел да ја вратиме економијата повторно на здрави нозе. Оваа анализа има одлични препораки и за нас како Влада за креирање на политики се со цел да го намалиме негативниот ефект на пандемијата од аспект на економијата, но секако дека и други одлични податоци во делот на распределба на средствата било тоа во регионален аспект, било тоа во други области“ кажа министерот Бектеши.

Министерот ја повика опозицијата да ги поддржи законските решенија од Петтиот сет мерки на Владата, но и дел од законските решенија од Четвртиот сет кој што беше донесен минатата година, а сеуште не се изгласани во Собранието.

„Во Собранието се уште има недонесени закони за реализирање на четвртите пакет мерки. Четвртиот сет економски мерки ги даде своите резултати, но треба да се има предвид дека во Собранието уште стојат законски решенија од четвртиот сет мерки кои се во Комисијата за финансии во делот на докапитализација на македонската банка за развој, но истовремено и во делот на новата мерка за воведување гаранција за извозно ориентираните компании и зголемување на капацитетот на Развојната банка за да дава бескаматни кредити за сите наши компании. Опозицијата ги толкува бројките како што сака. Ги повикувам да ги поддржат сите законски решенија. Ако не ги сакаат овие законски решенија, нека понудат алтернативи за да ги подобриме законските решенија, а не да блокираат“, кажа министерот Бектеши.

Според анализата на Здружението на истражување и анализи (ЗМАИ) мерките кои беа насочени кон зачувување на работните места дадода ефект.

Предвидувањата на експертите се дека економијата годинава ќе се движи во позитивна насока, но растот на БДП каков што беше пред кризата ќе биде постигнат во 2022-ра со подобри јавни политики и поголемо соодветно трошење, односно спроведување на капиталните инвестиции.

Анализата покажува и дека државната помош е поделена сразмерно, зависно од големината на компаниите, иако тие покажуваат различна добивка зависно од регионот во кој се наоѓаат и тука има значителни разлики. Текстилната индустрија добила најголема поддршка, околу 11 отсто од вкупно проектираните средства, а ефективната поддршка е најголема кај продажбата на мало и големо.Четвртиот сет мерки има значително влијание врз структурата на помошта кај компаниите, па се претпоставува дека ќе има некакво влијание и врз распределбата на доходот.

Next Post

Само вакцините одобрени во ЕУ ќе се прифатат во сертификатите за патувањето

НАЈНОВО

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

October 25, 2025

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп

October 25, 2025

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk