Доктор Горан Кунгуловски во Студио 10 на 24 ТВ рече дека ќе стигнеме во некоја нормала и тоа зависи од сите нас и од владите на сите земји. Досега ниту една влада немала серија на добри одлуки, за да потоа донесе добра одлука.
„Британскиот сој на коронавирусот е поубиствен и води до зголемен број на смртни исходи, тоа го знаевме и кога излегоа првите изештаи во Британија, а потоа се потврдија во другите земји. Најверојатно од 30 до 50% има зголемување на смртните случаи“ – вели доктор Кунгуловски.
Додава дека сите треба да бидеме претпазливи и да се следат сите препораки, особено носењето на маска во затворени простории.




