ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Нова инвестиција од над 40 милиони евра во 30 MW ветерна електрана во Општина Богданци, најави Заев

March 17, 2021 16:11
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

„Новата инвестиција во ветерниот парк ќе се гради на просторот помеѓу селата Стојаково и  Селемли. Се работи за инвестиција од 30 мегавати ветерна електрана на подрачјето на Општина Богданци со вредност од над 40 милиони евра за производство на електрична енергија од околу 72-гигават часови.  Тоа значи обезбедување на стабилно снабдување со зелена и еколошка електрична енергија за околу 18.000 домаќинства“, истакна премиерот Зоран Заев на денешната промоција на новата инвестиција во ветерни електрани во Општина Богданци.

Премиерот Заев, заедно со инвеститорите словенечката компанија „Интеренерго“ и „Тригал”, како и со градоначалникот на Општина Богданци Блаже Шапов ги истакнаа придобивките од проектот чија цел е обезбедување на чиста еколошка електрична енергија.

„Она што е од голема важност за целиот инвестициски циклус е тоа што при изградбата ќе се вклучат и локални изведувачи со што дополнително ќе се придонесе за развој на локалната економија во земјата. Станува збор за современа инвестиција со имплементирање на најмодерна технологија, која се очекува да заврши за две години. Деновите на производство на електрична енергија од фосилни горива изминуваат. Силно веруваме дека и новиот ветерен парк во целост ќе ја оправдува инвестицијата на ветерот како  обновлив извор на енергија. Како што е познато на територија на Општина Богданци веќе е реализиран ветерниот парк на „А.Д. Електрани на Северна Македонија“, од 36,8 мегавати со 16 ветерници секоја со единечна снага од 2,3 мегавати, трафостаница 20/110 киловолти, далекувод од 110 киловолти и пристапни патишта. Инвестиција која чинеше 55 милиони евра. Во фаза на развој е проширувањето на овој ветерен парк за дополнителни 13,2 мегавати со поставување на нови 4 ветерници во наредниот период во вредност од 21 милион евра“, истакна премиерот Заев.

Градоначалникот Шапов искажа задоволство што Општина Богданци повторно ќе се истакне во развојот на обновливите извори на енергија, односно во развојот на нов ветерен парк .

„Како општина стоиме на располагање на секој иден инвеститор да излеземе во пресрет и да овозможиме се што е во наша надлежност за побрза градба. Новите инвестиции водат кон просперитет на општината, и нови можности како за развој на ветерната енергија, но исто така и развој на енергијата од сонцето односно градба на фотонапонски електрани, бидејќи нашата општина има поволности за развој и на тој вид на енергија“, рече Шапов.

Блаж Штерк директорот на „Интеренерго“, Љубљана истакна дека како едни од најактивните инвеститори во Југоисточна Европа, посветени се на производство на електрична енергија од целосно “зелени“, обновливи извори.

Според, Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година, уделот на обновливите извори на енергија во вкупната потрошувачка на финална енергија се планира да биде над 50%. Фотонапонските и ветерните електрани ќе бидат најбрзо растечки технологии за производство на електрична енергија во сите сценарија, и тоа до 1400 мегавати фотонапонски електрани и до 750 мегавати ветерни електрани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Од „свадба без невеста“ до сликање на автопат: Власта се гордее со проект што до вчера го нарекуваше фијаско

July 14, 2025
Еко-активисти веќе 17 дена го блокираат патот кон ски-центарот на Кожув. Фото: Мета

Седумнаесет дена блокада на Кожув: Ќе стоиме овде до крај, нема да дозволиме хидроелектрани

July 14, 2025

Мицкоски: Граѓаните го препознаваат новиот пристап на работење, дека не ветуваме чуда, туку градиме систем базиран на правда, отчетност и еднаквост, а не на партиски книшки

July 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Тешка сообраќајка на експресниот пат Прилеп – Градско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нови детали за убиството во Прилеп: Пред куќата полицијата имала престрелка со убиецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Објавена причината за смртта на актерот Џулијан Мекман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Барселона сака да се „ослободи“ од двајца играчи, тие не сакаат да заминат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk