ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Околу 70 проценти од јавните претпријатија никогаш не правиле проценка на ризиците од корупција во јавните набавки

March 17, 2021 12:18
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Вкупната вредност на договорите на јавните набавки што ги спроведуваат јавните претпријатија и акционерски друштва основани од Владата и од локалните самоуправи изнесува околу 300 милиони евра и претставува една третина од вкупните јавни набавки во земјава. Поголемата јавна одговорност и создавањето на механизми за управување со ризиците од корупција во овие претпријатија ќе придонесат кон намалување на корупцијата и подобрување на квалитетот на услугите што ги даваат, беше истакнато на денешната онлајн дебата организирана од Центарот за граѓански комунинации.

Истражувањата спроведени од Центарот за граѓански комуникации покажуваат дека 70 проценти од анкетираните јавни претпријатија и акционерски друштва никогаш не направиле проценка на ризиците од корупција, а раководството на овие претпријатија во изминатите три години не поднело ниту една иницијатива за поведување на кривична постапка заради сомнеж за корупција во јавните набавки и ниту една дисциплинска постапка за вработен во констатирани проблеми при спроведувањето на јавните набавки.

– Овие податоци недвосмислено говорат дека во претпријатијата основани од Владата и единиците на локална самоуправа не се работи системски врз превентирање и сузбивање на корупцијата во јавните набавки, истакна Сабина Факиќ од Центарот за граѓански комуникации.

Дел од препораките се да изготвување на планови за интегритет во јавните набавки во кој ќе се идентификуваат ризиците на корупција, ротација на вработените како членови на комисиите за јавни набавки, електронската аукција да се спроведува само за стоки за широка потрошувачка, а нетранспаретната постапка на преговарање без претходно објавување оглас да се сведе на минимум. Се препорачува да не се оди и често кон поништување на јавните набавки, а кога ќе се случи тоа, тогаш детално да се образложат причините за ваквиот чекор.

Од Центарот за граѓански комуникации предлагаат и спроведување на обуки како за вработените, така и за менаџментот на претпријатијата, бидејќи анализите покажале дека 92 проценти од анкетираните претпријатија немаат спроведено обуки за интегритет и антикорупција.

Од Заедниците на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) изразија подготвеност за организирање на обуки за претпријатијата формирани од единиците на локална самоуправа.

Според претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска, најважна е свеста кај сите чинители за да се сузбие корупцијата, бидејќи законските решенија не можат да ги предвидат сите можни ситуации.

–  Ова особено доаѓа до израз кај закони со комплексна природа како што е Законот за јавни набавки. За првпат овој закон се донесе на крајот на 90-те години, а од 2007 до 2018 година е менуван 15-тина пати за во 2019 година да се донесе нов закон. Ова укажува дека колку и да се сака со закон да се уреди се, сепак човечкиот фактор е пресуден за правилно, односно неправилно спроведување на законот т.е. барање пропусти во законот или за принципиелно и транспаретно спроведување на постапките за постапките за јавни набавки, рече Ивановска.

Вкупната бројка на јавни претпријатија и акционерски друштва формирани од Владата и од единиците на локална самоуправа се проценува на 145. Нивните вкупни годишни приходи се 800 милиони евра и тие во Бруто домашниот производ учествуваат со повеќе од седум проценти. Во овие претпријатија се вработени околу 30 илјади луѓе.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

До крајот на овој или почетокот на следниот месец се очекуваат повеќе вакцини, според Филипче сите вакцини кои ќе пристигнат се безбедни

НАЈНОВО

Шукова: Понудата на Ѓорѓиевски беше недобронамерна и омаловажувачка, а извинувањето неискрено и задоцнето

October 14, 2025
Скриншот

Виолината на Ајнштајн продадена за над 1 милион фунти на аукција во Велика Британија

October 14, 2025

Натали Портман од фестивалот во Лион: Лудо е да се зборува за нешто друго освен за славење на мирот

October 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја за мечот Пелистер – Барселона: Барса е една од најдобрите три екипи во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 14 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо од ДНК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk